Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

„Метаморфози и еволуција – Скопјани и топлификација„ е насловот на новата уметничка акција посветена на проблемот со парното греење во Скопје која се состои од една поголема група пингвини кои се шетаат низ Скопје, претставувајќи ги Скопјани кои во новата година и за време на празниците, поради намалувањето на јачината на парното и временските рестрикции за дистрибуција на топлинска енергија, се соочуваат со сѐ поладни домови, кои наместо станови заличуваат на поларни куќарки – игла.

Со ова метафорично претставување на проблемите со греењето во главниот град, Центарот за современи Уметности сака да го привлече вниманието кон огромниот број семејства, училишта, установи како и бизниси кои во најладните денови во годината, поради неможноста на институциите да изнајдат долгорочно решение, нема да можат да функционираат нормално бидејќи нема да можат да ги затоплат просториите во кои живеат и работат.

Акцијата е дел од урбаните уметнички акции на Центарот за современи Уметности и е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество Македонија.

—————————————————

15 јануари 2022