Мала пошта бр. 1310, омилена на граѓаните од населбата Перо Чичо во Куманово конечно доби ново руво.
Малата пошта е лоцирана на јавен простор опкружен со игралиште, зеленило и содржини за деца, но фасадата беше испишана со неугледни натписи. Токму поради поставеноста на овој објект во јавниот простор, Центарот за современи уметности Скопје заедно група локални уметници од Куманово дојдоа на идеја да ја разубават фасадата со мурали.
Идејата на Локалната иницијатива за осликување на Малата пошта со поштенски мотиви од современа и историска тематика беше од група млади уметници од населбата Перо Чичо, предводени од уметникот Дејвид Стоилковски.
Инспирацијата за оваа акција е изминатиот 18 месечен пандемиски период, кога всушност сите и лично се уверивме во важноста на поштенскиот сервис и поштенските услуги.
На четирите страни од фасадата на Малата пошта се насликани различни поштенски содржини кои на самиот објект му даваат нова форма и изглед и некогашната неугледна фасада се замени со мурали на кој денеска се гордеат не само поштенските работници туку и жителите на населбата Перо Чичо во Куманово.
Локалната иницијатива беше спроведена во соработка со АД Пошти на Северна Македонија кои дадоа одобрување за спроведување на оваа Локална иницијатива. Проектот е спроведен од страна на Центар за современи уметности Скопје со финансиска поддршка од Фондација отворено општество Македонија.
***
Дејвид Стоилковски, роден 1997 во Куманово. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности, отсек графика во класата на проф. Славица Јанешлиева.
Изложби: 2017/2018 – Коорганизатор и учесник на графити фест во Куманово, Учесник на изложбата Кумановски графичари. 2019 – Современа македонска графика – Графичка акција Скопје – Сплит, Изложба “Градот” во Мобилна/ Монтажна галерија, Изложба на минијатурни графики Ex Libris во Скопје, 2020 – Изложба на цртежи “lockdown sketches”, Куманово. Учествува на разни проекти за исцртување мурали и графити низ Куманово, Кочани, Чашка, УСА, Црна гора и Австрија. Добитник е на награда Драгутин Аврамовски Гуте за најдобро изработено графичко дело за 2019 година
—————————————————
6 јули 2021