Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

„Места на дарежливост – трансформативни станици“ е интердисциплинарен проект што КСП Центар – Јадро ќе го реализира во текот на 2022 година, со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Главна цел на проектот е промовирање на социјално ангажирани уметнички пракси и начините на кои истите се користат како моќни алатки за општествена промена. Проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици“ поттикнува уметничко творештво кое излегува од традиционалната рамка на дејствување и зема активно учество во креирањето на конструктивни општествени промени.

Во рамките на овој проект, во периодот од 16 до 21 март 2022 година, КСП Центар – Јадро организира работилници и предавања обединети под името „Кујна за критички рецепти и нови вкусови“. Преку едукативниот процес на стекнување нови вештини, знаења и пристапи, учесниците на работилницата ќе имаат прилика да создадат комплексни уметнички содржини кои ги отфрлаат класичните формати на продукција и промовираат социјална ангажираност. По оваа работилница, во април ќе биде распишан јавен конкурс за поддршка на четири проекти чија реализација ќе биде во периодот мај – декември 2022 година.

За кого е наменета работилницата?

–  работилницата е наменета за сите кои сакаат да зготват свој критички рецепт во кујната на нови вкусови

–  работилницата е наменета за сите мотивирани, локални уметници кои сакаат да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност

–  работилницата е наменета за сите кои имаат желба да создаваат свои уметнички проекти кои ќе водат кон зголемена критичка свест и позитивна социјална трансформација

–  работилницата е наменета за сите кои сакаат да научат како да ја аплицираат својата уметност надвор од музеите и галериите

–  работилницата е наменета за креативци кои сакаат да творат во областа на животната средина, антикорупцијата, човековите права, социјалната правда и други актуелни теми

–  работилницата е наменета за сите кои сакаат да придонесат за проактивност на заедницата во насока на  отворање и решавање на проблеми и  прашања на микро ниво.

Предавањата и работилниците ќе бидат спроведени од страна на истакнати уметници кои што имаат долгогодишно искуство во социјално ангажираната уметност: Драган Протиќ и Јелена Вуксановиќ.

Невешти и вешти,

готвачки и готвачи,

и сите останати,

сите сте добредојдени!

 

Пополнете го формуларот за учество на https://forms.gle/v7nHFN2QPp4BdQYLA

Краен рок за пријавување: 10.03.2022 година

Избраните учесници ќе бидат навремено информирани по завршување на рокот за пријавување. Присуство на работилницата ќе се смета за предност, при изборот на проектите чија реализација ќе биде во периодот мај – декември 2022 година.

 

Кратки биографии на предавачите:

Драган Протиќ

Прота, Шкарт/2

… си бил еднаш… нашиот прв предавач, кој заедно со својот школски другар Жоле ја основале групата Шкарт во 1990г. во Белград. Од тогаш до ден-денес, двајцата работат сè освен она што “треба”. Тие веќе триесет години, во конфликтна хармонија и со помош на нивните бројни соработници и соработнички, ги кршат правилата на поезијата, архитектурата, графичкиот дизајн, издаваштвото, перформансот, музиката, филмот, алтернативното образование и сенешто.

Своите предавања, работилници, ангажирани акции и концерти, Шкарт ги остварува ширум Европа, Америка и Азија. Реализирал неколку ретроспективни изложби во  Риека / Хрватска (2009), Лондон / Англија (2010), Белград / Србија (2012) и Нагоја / Јапонија (2013). Во 2010 година, Шкарт ја претставил акцијата КЛАЦКАЛИШТЕ – Полигон на неурамнотеженост, на Архитектонското биенале  во Венеција.

Јелена Вуксановиќ

…. писателка и сценаристка. Со класично образование по драматургија, во фокусот на нејзиниот интерес секогаш бил современиот и експерименталниот театар. Јелена има учествувано на разни обуки, работилници и други активности во сферата на неформалното образование, поврзани со современи и применети едукативни театарски техники. Филмот „Панама“ во кој таа е автор на сценариото својата премиера ја имал на филмскиот фестивал во Кан. Во 2018 година, на Бали, ја реализира премиерно нејзината прва современа опера „Во… Се… – се раздени -“, компонирана од Ендис Скордис. Тука некаде може да се маркира зародишот на фасцинацијата на Јелена со овој експериментален и креативен жанр. Во моментов таа работи на својата втора современа опера „Светлосин ден“, базирана на приказната на Фердинанд фон Ширах, како дел од Берлинската опера, која премиерно ќе биде изведена во јуни 2022 година. Повеќе за работата на Јелена можете да најдете на www.andromedavuksanovic.com

 

Информации за COVID-19

Со цел безбедно и непречено одвивање на планираните активности, избраните учесници, пред почетокот на работилницата ќе треба да прикажат еден од следниве документи:

—————————————————

1 март 2022