Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во рамки на иницијативата „Регионални креативни јадра“, на 5 март 2021 година, се одржа онлајн работилница на тема „Корупцијата и животната средина“ . На работилницата за корупцијата и животната средина зборуваа Мирко Поповиќ од РЕРИ, Србија и Денис Жишко од Центарот за екологија и енергија од Босна и Херцеговина, истакнати борци за заштита на животната средина во своите земји. Тие го споделија искуството и состојбата во Западен Балкан со 23 уметници, активисти и новинари од четири земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија), три земји од Западна Африка (Сенегал, Гвинеја и Гана) и САД.

Иницијативата „Регионални креативни јадра: искористување на моќта на уметноста и културата за охрабрување граѓанска акција против корупција“ е посветена на јакнење на уметниците, застапувачите и новинарите да бидат поефективни во нивните заложби да влијаат врз вклученоста на луѓето во прашања поврзани со корупција. Регионалните креативни јадра се виртуелни платформи каде учесниците се стремат да научат како и зошто креативно да се ангажираат во антикорупциски прашања, преку овозможување интеракцијата меѓу „афект“ и „ефект“ којашто може да резултира во промена на јавната перцепција и влијание врз јавните политики. Во спроведувањето на иницијативата се вклучени четири фондации од Западен Балкан (Фондациите од Македонија Албанија, Босна и Херцеговина и Србија), регионалната фондација од Западна Африка, програмите на ФОО Њујорк за култура и уметност и економска правда, и секторот Лаб во рамки на Стратешкото одделение на ФОО.

—————————————————

22 март 2021