Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Начинот на кој комуницираат граѓаните и локалната власт и институции е од исклучителна важност особено во време на здравствено – економската криза со Ковид 19. Комуницирањето со заедницата и граѓаните, најчесто е еднострано, без отворени комуникациски канали, што создава простор за нецелосна слика за потребите на граѓаните. Поради тоа, се создава слика на еден субјект – институции (власт) кој наметнува решенија и мерки, додека друга страна – граѓани, кои слушаат и применуваат.

Во општината Штип конкретно, евидентна е ограниченоста во можноста за  двонасочна комуникација на релација локална власт – граѓани/граѓански организации. Општината нема видливи дигитални алатки, поставени на интернет страницата или развиен начин на комуникација преку социјалните мрежи, по пример на некои од останатите општини во државата. На интернет страницата нема алатка за прашања и одговори, потоа систем на пријавување на проблем и брзи одговори со можни решенија, ниту директна комуникација за граѓански предлози и одговори на тоа.

Воедно, изостанува праксата на вклучување на заедницата, граѓаните преку граѓанските организации во решавањето на одредени прашања од надлежност на локалната власт, за кои солидни ресурси и алатки има граѓанскиот сектор.

Проектот „Кажи за другите да знаат“ имплементиран од Медиа Плус Штип, финансиски поддржан од Фондацијата Отворен општество – Македонија ги адресира овие проблеми во насока на подобрување на комуникацијата меѓу граѓаните и граѓанските организации со локалната власт во Штип, како основа за предлагање и поголемо учество во донесување на одлуките од важност на сите.

Преку спроведените активности во проектот, Медиа Плус Штип се утврдаат слабостите во комуникација на релација локална власт – граѓани/граѓански организации, како и се овозможуваат нови комуникациски канали меѓу локалната власт и граѓаните/граѓанските организации. Воедно, проектот придонесува кон унапредување на платформата за комуникација меѓу локалната власт и граѓаните.

Сторијата „Граѓаните на Штип бараат дигитални алатки за подобра комуникaција со Општината можете да ја прочитате“ изработена во рамки на проектот можете да ја прочитате тука.

Изработената анализа „Дигитализира МЕ!“ која е преглед на алатките за дигитална комуникација можете да ја прочитате тука:

***

„МЕДИА ПЛУС“ е здружение кое истражува, анализира и иницира акции и процеси со што влијае и придонесува кон развојот на демократијата и медиумската заедница. Нивната крајна цел се позитивните промени и здравата медиумска заедница која ќе соработува со граѓанското општество, а во интерес на граѓаните.

За повеќе информации за работата на „Медиа Плус“ и како и за активностите од проектот, следете ги на нивниот веб-сајт и Фејсбук страница.

—————————————————

29 октомври 2020