Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram
Пандемијата за голем дел од неформално вработените работници значи секојдневно соочување со дилемата „да се умре од глад или од вирусот“. Бидејќи неформалните се работници кои најчесто се непријавени и со ниски квалификации, кои немаат основна заштита, вклучително и социјална заштита, имаат слаб пристап до здравствени услуги, и немаат алтернативен извор на приходи во случај на болест или затварање на работата, пандемијата за нив имаше огромни и сериозни последици.

Како реално влијаеше КОВИД-19 врз неформалните и привремено вработените работници можете да погледнете накратко подолу, а целосната „Анализа на ефектот од Ковид-19 врз работниците кои се дел од неформалната економија и привремено вработените работници, преку предлог мерки за нивна поддршка“ изработена од Здружението за истражување на политики АНАЛИТИКА СКОПЈЕ од каде и се извлечени податоците, можете да ја прочитате на следниот ЛИНК.

 

 

 

 

 

—————————————————

3 ноември 2021