Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во организација на Мрежата за спречување на одлив на мозоци на 21.10 2020 се одржа завршна конференција: „Како институциите се справија со одливот на мозоци 2013-2020?“. На конференцијата беше презентирана Анализата на спроведување на Националната стратегија за соработка и спречување на одливот на млади и висококвалитетни кадри 2013-2020. Во рамки на конференцијата се одржа и панел дискусијата „Какви политики ни се потребни за намалување на одливот на мозоци?“ на која дискутираа: Милан Живковиќ – посебен советник за труд и социјална политика во кабинетот на премиерот и пратениците во Собранието, Тимчо Муцунски и Дарко Каевски.

Анализата на спроведување на Националната стратегија за соработка и спречување на одливот на млади и висококвалитетни кадри 2013-2020, на македонски и на албански јазик можете да ја најдете тука:

Конференцијата се организира во рамки на проектот „Мрежа за спречување на одлив на мозоци” финансиски поддржан од “„Фондацијата Отворено општество – Македонија” во периодот септември – 2019 – октомври 2020. Мрежата за спречување на одливот на мозоци е неформална мрежа составена од седум граѓански организации кои работат на различни полиња поврзани со развојот на младите, младинските политики и права, како и младинското информирање. Целта на мрежата е да поттикне креирање на системски решенија за задржување на младите во земјата.

—————————————————

29 октомври 2020