Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Инструмент за претпристапна помош е регулатива на Советот на Европската Унија и на Европскиот парламент со кои се утврдуваат приоритетите и принципите на финансиската помош за државите во процесот на пристапување. За да ја преземете регулативата и да го проучите текстот, следете го овој линк: https://eur-lex.europa.eu/eli/reg/2021/1529 .

Овој инфографик ги содржи основните информации за ИПА-3, а се поврзува со брифинг материјалот кој треба да помогне за подобро разбирање инструментот и финансиската рамка за поддршка на пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија.

Инфографикот е изработен во рамки на проектот „ЕУ опсерваторија – поглавје 27“ од страна на Преспа институт Скопје, а финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Дополнително, инфографикот нуди информација за ветеното национално учество од страна на Владата со што треба да се олесни следењето на нивната имплементација.

Во брифинг материјалот се одговараат неколку клучни прашања за инструментот, а се идентификувани и прозорците во кои се планира помошта, како и веќе утврдените проекти кои треба да помогнат за двојната дигитална и зелена трансформација.

Публикација (брифинг материјал) „Инструмент за претпристапна помош (ИПА – 3)“ .

—————————————————

25 мај 2022