Фондација Отворено општество-Македонија во период од 12 месеци, започнувајќи од март 2020 год., ќе го спроведува проектот ,,Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво”. Проектот има за цел да придонесе кон унапредување на доброто владеење на локално ниво преку:
- Зајакнување на отпорноста на локалната власт на корупција, преку воведување на системи на интегритет во пет општини;
- Зголемување на граѓанската вклученост во борбата против корупцијата, особено на ранливите категории на граѓани, преку зголемување на обемот на пријавени случаи, а со овозможување на правна помош и информирање.
Поконкретно, активностите кои ќе се спроведуваат во 5 пет општини вклучуваат:
- Спроведување на проценка на ризици;
- Усвојување на системи за интегритет во општините;
- Градење на капацитетите на локалната власт и администрацијата за подготовка и спроведување на системите за интегритет;
- Основање на работни групи за интегритет;
- Усвојување на интерни механизми за пријавување на случаи на корупција;
- Спроведување на истражување на јавното мислење за распространетоста на корупцијата во општината во која живеат;
- Спроведување на едукативна кампања за препознавање и пријавување корупција;
- Овозможување правна помош за граѓаните кои препознале корупција со цел да ја пријават кај надлежните институции.
Активностите се дел од ,,Проектот за граѓанско учество” спроведуван од Ист Вест Менаџмент Институт (East West Management Institute- EWMI), финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
—————————————————
8 април 2020