Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ) потпиша Меморандуми за соработка со општините Дојран, Прилеп, Желино Карпош и Охрид, а со цел развој и усвојување на системи на интегритет на локално ниво. Соработката помеѓу ФООМ и петте општини ќе придонесе кон унапредување на доброто владеење на локално ниво преку зајакнување на отпорноста на локалната власт на корупција и конфликт на интереси.

Како резултат на ваквата соработка се очекува во секоја од петте општини да се спроведе проценка на ризици; да се усвојат планови за интегритет; да се основаат работни групи за интегритет; да се унапредат знаењата и капацитетите на административните службеници; да се донесе подзаконски акт со кој се регулираат интерните механизми за пријавување на случаи на корупција и судир на интереси во општината.

Дополнително ФООМ преку соработка со граѓанските организации Мултикултура (Тетово), Избор (Струмица), ЕХО (Штип), Станица ПЕТ (Прилеп) и Коалиција Сите за правично судење (Скопје), ќе овозможи правна помош за граѓаните кои препознале и сакаат да пријават корупција и конфликт на интереси во овие пет општини.

Меморандумите за соработка се склучени во рамки на проектот „Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво“, кој го реализира Фондација Отворено општество – Македонија, во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Повеќе информации за Проектот на УСАИД за граѓанско учество на https://cep.mk/ и https://www.facebook.com/CEPNorthMacedonia

 

Содржината на оваа веб страница не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

—————————————————

2 септември 2020