Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

На 8 февруари 2022 година, извршната директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) Фани Каранфилова-Пановска и градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов потпишаа Меморандум за соработка со кој се заложија за унапредување на доброто владеење преку зајакнување на отпорноста на локалната власт на корупција и конфликт на интереси, а со воведување на систем на интегритет во општината.

 

На средбата, извршната директорка Каранфилова-Пановска ја потенцираше заложбата на ФООМ да ги поддржи локалните власти кои се залагаат за доследна примена на принципите на транспарентност, отчетност и одговорност, како предуслов за отворено и демократско општество. Таа ја поздрави волјата на Општина Валандово да соработува со граѓанското општество и континуирано да работи на унапредување на политиките за интегритет.

Градоначалникот Костадинов посочи дека општината Валандово ќе продолжи да работи на развивање нови алатки и процедури кои ја зајакнуваат општинската транспарентност и создаваат систем кој е нетолерантен на корупција, создава двострана доверба во заедницата и креира основа за развој.

Меморандумот за соработка е склучен во рамки на проектот „Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво“, кој го реализира Фондација Отворено општество – Македонија, а  е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Повеќе информации за Проектот на УСАИД за граѓанско учество на https://cep.mk и https://www.facebook.com/CEPNorthMacedonia

Содржината на оваа веб страница не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

—————————————————

8 февруари 2022