Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

На 18 февруари 2022 година, извршната директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) Фани Каранфилова-Пановска и градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш потпишаа Меморандум за соработка со кој се заложија за унапредување на доброто владеење преку зајакнување на отпорноста на локалната власт на корупција и конфликт на интереси, а со воведување на систем на интегритет во општината.
ФООМ и Општина Шуто Оризари заеднички се залагаат за унапредување на интегритетот на општината
Извршната директорка Каранфилова-Пановска укажа на важноста од донесување на локални политики чија цел е проактивно да се лоцираат ризиците од корупција и судир на интерес и навремено да се отстранат со што би се спречиле несакани последици и штети за јавниот интерес.

Градоначалникот Дудуш ја поздрави соработката и ја потенцираше волјата на општина Шуто Оризари да работи на систем на интегритет кој ќе го унапреди доброто управување, ќе ја подобри ефикасноста на јавните служби и ќе ја зголеми довербата на граѓаните во институциите.
ФООМ и Општина Шуто Оризари заеднички се залагаат за унапредување на интегритетот на општината2
Меморандумот за соработка е склучен во рамки на проектот „Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво“, кој го реализира Фондација Отворено општество – Македонија, а е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Содржината на оваа веб-страница не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

—————————————————

21 февруари 2022