Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

На 21 февруари 2022 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и општина Кичево потпишаа Меморандум за соработка со кој се заложија за унапредување на доброто владеење преку зајакнување на отпорноста на локалната власт на корупција и конфликт на интереси, а со воведување на систем на интегритет во општината.

На средбата, Марија Мирчевска, програмска координаторка во ФООМ ја поздрави волјата на општина Кичево да работи на воспоставување на систем на вредности, ставови и активности со што ризиците од корупција и судир на интереси проактивно ќе се отстранат или намалат.

Арбен Ристеми од секторот за општи и правни работи потенцираше дека општина Кичево и градоначалникот Фатмир Дехари се подготвени да работат на усвојување на политики кои имаат за цел да ја подобрат транспарентноста, унапредат одговорноста и најважно од се да ја зголемат довербата на граѓаните во работата на локалните, јавни институции.

Меморандумот за соработка е склучен во рамки на проектот „Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво“, кој го реализира Фондација Отворено општество – Македонија, а  е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Повеќе информации за Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Содржината на оваа веб страница не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

—————————————————

23 февруари 2022