Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Управниот одбор на Фондацијата Отворено општество – Македонија избра 15 проекти на граѓански организации за спроведување активности кои ќе придонесат за подобро разбирање на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Грантовите се во вкупен износ од 103.669$.

Оваа грантова шема е во рамки на концептот Учество на граѓанското општество во процесот на пристапување во ЕУ, кој е дизајниран со генерална цел да ги поддржи реформските процеси во областите борба против корупција, судство и спречување и заштита од дискриминација, како приоритети во процесот на пристапување во ЕУ.

Со цел зголемување на протокот на информациите и подобрување на разбирањето на граѓаните на реформските процеси во текот на пристапувањето во ЕУ, проектните активности  ќе бидат насочени кон подигнување на свеста кај граѓаните за важноста за забрзување на процесот на пристапување како и подобрени капацитети за разбирање на реформските процеси за европеизирање на општеството.

Избраните грантисти ќе земат учество во заедничка кампања, која ќе ја изработи ФООМ, за зголемување на протокот на информации поврзани со пристапувањето во ЕУ.

Организација Име на проектот

Одобрен буџет

Здружение за едукација на земјоделците ЗЕЛЕНА БЕРЗА Битола Од рурална жена до успешен претприемач, без стереотипи и дискриминација

7.000 $

FINANCE THINK – Институт за економски истражувања и политики, Скопје Родова еднаквост на работното место: Мониторинг на локално ниво

6.915 $

Здружение на граѓани КОНТРАПУНКТ Скопје ЕУ РЕКА

6.970 $

Хелсиншки комитет за човекови права

 

Влијанието на Поглавјето 23 врз процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија

6.948 $

Здружение на граѓани на текстилните кожарските и чевларските работници Гласен Текстилец од Штип  

Пристапот до правда во Источниот регион

6.803 $

Рурална Коалиција – Куманово Фундаменталните човекови права и родовата еднаквост – предизвик за практикување во руралните средини

7.000 $

Здружение за локална демократија Центар на заедницата на општина Струга- Струга Анализа на јавната перцепција за процесот на пристапување во ЕУ- со фокус на Поглавје 23

6.969 $

Здружение Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија – ЗРДИЦМ Почитување на правата на затворениците од етничките заедници низ призмата на ромската заедница

6.994 $

Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ Скопје Мерката притвор помеѓу домашната и европската пракса

7.000 $

Здружение на граѓани Медиа Плус – Штип И локалната информираност е тест за ЕУ

6.920 $

Здружение за истражување, анализи и развој Зелена Лупа – Скопје Ресоцијализација и реинтеграција во општеството преку пробацијата

6.690 $

Здружение за еднакви права и можности ЖЕНИТЕ ВО ЕКОНОМИЈАТА -Штип Биди храбра, проговори гласно!

6.811 $

Здружение за рурален развој Локална Акциона група Агро Лидер – Кривогаштани ЕУ Скептицизам наспроти ЕУ Оптимизам во руралните средини

6.840 $

Здружение МУЛТИКУЛТУРА – Тетово Младите се промената за пристапување во Европската Унија

6.819 $

Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА) – Скопје Административна правда по европски стандарди

6.990 $

 

—————————————————

5 ноември 2019