Неформалната активистичка група „Штип Aрт Aктивизам“ ја спроведе втората дополнителна акција на темата „Децата заслужуваат повеќе“ наменета за најмалите граѓани на Штип – децата, а со посебен фокус на децата кои се соочуваат со потешкотии во развојот.
Претходно поставената инсталација предизвика голем интерес и доби огромна поддршка од граѓаните што ги инспирираше членовите на „Штип Aрт Aктивизам“ да ја дополнат инсталацијата и да изработат уште две нови фигури. Поставени се нови фока и крокодил, а наредниот период и омилената жирафа ќе се врати во паркот меѓу дечињата. На сите поставени фигури (животни) има објаснување со брајова азбука за да можат децата со проблеми со видот да научат нешто повеќе за животните. Оваа акција ја дополнува претходната инсталација која се состоеше од четири животни изработени по калап од цемент и обоени во оригинални бои.
За спроведувањето на активностите консултирани се стручни лица како дефектолози, уметници, активисти, претставници на здружението “Сплотени срца “ од Штип и здружението на родители на деца кои се соочуваат со потешкотии во развојот, а за изработка на животните беа ангажирани професионални академски уметници.
Активноста е спроведена со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.
—————————————————
17 јуни 2021