„Библиотека на тркала“ повторно почна со реализација на посети во училиштата. И овојпат преку детската литература која е во веселото комбе децата од Велес, Карбинци, Василево и Сарај се дружеа, читаа, откриваа тајни и учеа нови нешта.
Ова возило е специјално пренаменето во подвижна библиотека и има цел да ја разбуди љубовта кон читањето и мајчиниот јазик кај учениците кои секојдневно немаат пристап до библиотека. Ненад Тонкин и актерката Долорес Поповиќ, реализираа едукативни активности и читаа сликовници на босански, турски и македонски јазик со ученици од прво до петто одделение во училиштата „Рајко Жинзифов“ – Д. Оризари, Велес, „Страшо Пинџур“ – Карбинци, „Гоце Делчев“ – Василево и „Дитуриа“ – Сарај.
Библиотеката на тркала дел од проектот „Образование на помалубројните етнички заедници” спроведуван од Фондацијата Отворено Општество- Македонија (ФООМ) во партнерство со Фондацијата „Чекор по чекор”.
—————————————————
25 јуни 2021