Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Првите 120 литарски канти за отпадоци – донација, се доделени на ромското население од Горен Баир. Со донацијата домаќинствата се обрзуваат на уредно депонирање на комуналниот отпад на одредената локација договорена во соработка со ЈП Комуналец Битола. Вкупно се планирани 35 канти кои ќе бидат донирани во периодот што следи, што ќе биде чекор напред во справувањето со проблемите на граѓаните од Горен Баир, како и во зачувувањето на животната средина.

Од друга страна, Регионално географско друштво „ГЕОСФЕРА“ – Битола со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија во текот на 2021 год. ќе ги снабдува домаќинствата со вреќи за ѓубре и со тоа ќе обезбеди одржливост на акцијата.

#ИнаБАИРОТсеМОЖЕ

—————————————————

12 април 2021