Преку проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“ граѓанските организации можат навремено и прецизно да се информираат за теми, области и прашања што се важни за влијанието на граѓаните и граѓанскиот сектор врз клучните секторски реформи од процесот на пристапување во ЕУ.
Како дел од активностите на проектот, во периодот јануари – февруари 2020 година се спроведуваше анкета која имаше за цел да собере податоци за искуството на граѓанските организации со учеството и придонесот во консултациите за јавните политики, како и во секторските работни групи. Анкетниот прашалник беше испратен до 2097 граѓански организации, а го одговорија 105 претставници на граѓански организации. Подолу ќе ги најдете клучните информации од Анкетниот прашалник за претставниците на граѓанските организации.
Секторските работни групи се интердисциплинарни или меѓуинституционални тела кои треба да даваат совети и да обезбедат консензус меѓу главните актери во секторите од ИПА 2, а претставуваат и механизам за поширока координација и дијалог за националните стратегии.
Сознанијата претставени во оваа визуализација се прибрани во рамките на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“, како дел од методологијата за прибирање податоци кои имаат за цел да ја унапредат позицијата на граѓанските организации во работата на секторските работни групи. Повеќе информации можат да се најдат на: www.dijalogkoneu.mk.
—————————————————
14 октомври 2020