Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Како дел од проектот „Граѓански Објектив 2.0“, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип изработи анализа на состојбите со трошење на јавните средства од буџетот на Општина Штип за периодот 01.04.2020 до 30.06.2020 година.

Со оваа анализа трошењата на општината се доближуваат до граѓаните на јазик кој им е разбирлив, а со цел тие да имаат увид во тоа колку од средствата се трошат и за која намена, односно колку се троши за плати, за одржување, инвестиции, итн. Водени од потребата кај граѓаните да се подигне и свеста за одговорност за плаќање на јавните давачки, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип преку анализата дава и приказ на собраните средства од страна на општината, по сите основи.

Анализата покажува дека финансиите во Општина Штип се трошат согласно донесениот буџет, а известувањето за трошењата е квартално и завршно. Но, колку е развоен буџетот на Општина Штип Македонија во првата половина од 2020 година?

Погледнете подолу дел од наодите на анализата, а истата во целост можете да ја прочитате ТУКА.

—————————————————

10 ноември 2020