Иако мерката притвор е често употребувана мерка за обезбедување, надлежните органи во Северна Македонија немаат спроведено темелни истражувања за употребата на истата и влијанието кое таа го има.
Коалицијата „Сите за правично судење“ во рамки на проектот „Мерката притвор помеѓу домашната и европската пракса“ ја истражи примената на мерката притвор во земјата и направи компаративен преглед со праксата на судските системи во Европа и насоките и препораките од Европската Унија, Советот на Европа и Обединетите Нации. Анализата на податоците е подготвена со цел да се дијагностицираат причините и проблемите врзани со примената на мерката притвор како најстрога мерка за обезбедување, да овозможи јавна дебата, и да придонесе кон соодветна имплементација на препораките од ЕУ и Советот на Европа во поглед на владеењето на правото.
Дел од наодите погледнете тука, а целосната анализа можете да ја најдете тука: https://bit.ly/30Uonq1
***
„Мерката притвор помеѓу домашната и европската пракса” е еден од 15-те проекти на граѓански организации целосно поддржани од ФООМ за спроведување активности кои ќе придонесат за подобро разбирање на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.
—————————————————
19 јуни 2020