Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Република Северна Македонија со години не успева да ја добие битката со корупцијата и е една од најкорумпираните држави во Европа. Минатата година од 44 држави во Европа, само две земји беа рангирани како покорумпирани од нашата. Реномето за длабоко корумпирана земја се одржува со години, а корупцијата секојдневно го нагризува и она малку здраво ткиво кое остана во државта.

Центарот за современи уметности, денес спроведе акција која ја посвети на сите оние кои заглавени во безизлезните лавиринти на нефункционалната администрација немале кому да се обратат за да завршат работа или да остварат некое свое право и на крајот подлегнале и се вклучиле во синџирот на митото и корупцијата бидејќи немале друг излез.

Инспирацијата за оваа акција во која експлицитно се споделени десетина пораки потекнува од вистинските приказни и ситуации во кои се нашле неколкумина наши сограѓани кои своите приказни ги споделија со ЦСУ. Цитатите се вистински, но имињата се измислени. Темите на судството, образованието, царината… се само случајно одбрани и се дел од многуте теми во нашето општество каде што царува корупцијата.

Акцијата е поддржана од Фондацијата Отворено општество- Македонија.

—————————————————

9 декември 2020