Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Предизвиците за отвореното општество кои пред нас ги постави епидемијата со COVID-19 бараат агилност, брза реакција и флексибилност. Препознавајќи ја итноста на ситуацијата, во услови на намалена финансиска поддршка за граѓанското општество, Фондацијата Отворено општество – Македонија продолжува посветено да работи на негов развој.

Еден од највисоките приоритети на Фондацијата во услови на криза е да се овозможат услови за работа на граѓанските организации кои се клучен сегмент во едно демократско општество, а кои се погодени од вонредната состојба, како и другите сегменти од општеството.

Следејќи ја нашата мисија за внатрешна интеграција на општеството како предуслов за интеграција на земјата во ЕУ, грант-шемата од 135.000 долари Фондацијата ја обезбеди во рамки на концептот Учество на граѓанското општество во процесот на пристапување во ЕУ. Овој концепт е дизајниран со генерална цел да ги поддржи реформските процеси во областите борба против корупција, судство и спречување и заштита од дискриминација, како приоритети во процесот на пристапување во ЕУ.

Финансиската поддршка вклучува и ќе обезбеди:

Финансиска поддршка добија „Блупринт групата на граѓански организации за реформи во правосудството” чиј носител на грантот е Центар за правни истражувања и анализи, „Платформата на граѓански организации за борба против корупција” чиј носител на грантот е Институт за демократија „Социетас Цивилис“ и Мрежата за спречување и заштита од дискриминација” чиј носител на грантот е Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ. Во овие мрежи на граѓански организации членуваат над 30 граѓански организации кои активно работат на креирање динамично и инклузивно општество, како и на промоција на вредностите на отвореното општество.

Ние во Фондацијата Отворено општество – Македонија остануваме посветени на развојот на граѓанското општество и на заложбата за активно учество на граѓаните во општеството – во креирањето на политики и практики кои придонесуваат кон владеењето на правото и доброто управување.

—————————————————

7 мај 2020