Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Управен одбор и вработени

Управен одбор

САНТА АРГИРОВА

Претседателка на Управниот одбор

Г-а Санта Аргирова е дипломиран новинар на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во периодот од 1991 до 1996 година, таа беше уредник на рубриката за надворешна политика при МТВ. Подоцна, од март 1996 до март 1997 година, таа беше ангажирана како првиот секретар на Одделението за односи со соседните земји при Министерството за надворешни работи. Во 1997 година, таа стана уредник на рубриката за надворешна политика на телевизија „Телма“ и во 2001 година се јави како автор, продуцент и водител на политичкото ток-шоу „20/20“ кое се емитуваше на истата телевизија. Во периодот од 2002 до 2006 година, таа беше ангажирана како шеф на кабинетот на поранешната министерка за надворешни работи, Илинка Митрева. Во 2007 и 2008 година, таа работеше во Секретаријатот за надворешни работи. Од декември 2008 до октомври 2014, таа работеше како уредник на рубриката за надворешна политика на телевизија „Алфа“ каде што, во периодот од 2011 до 2013 година, го создаде и водеше политичкото ток-шоу „Пресинг“.  Пред последните парламентарни избори кои се одржаа во 2016 година, таа беше главен уредник на информативната програма на МТВ. Таа се јавува како автор на книгите „Добро утро Јаков“ и „Портрет од Дрезден“. Зборува англиски, грчки, српски и хрватски јазик.


ДАРКО СТОЈАНОВ

Член на Управниот одбор

Г-н Дарко Стојанов е асистент на Одделението за античка и средновековна историја при Институтот за национална историја во Скопје и гостински истражувач при Универзитетот Њујорк во Тирана. Своите магистерски и докторски студии ги завршил на Практичната школа за високи студии во Париз. Има објавено трудови во меѓународни академски списанија и бил во студентски посети на универзитетите во Грац, Берлин, Белград, Вина и Загреб со стипендии доделени од владите на Германија и Франција како и од други странски организации-донатори. Тој бил во неколку истражувачки и обучувачки посети на Георг Екерт институтот за истражување на меѓународни учебници во Брауншвајг и негува посебен интерес во предавање историја и анализа на учебници. Во 2011 година беше дел од тимот кој имаше за задача да ги анализира учебниците по историја во основното и средното образование во Република Македонија. Има преведено историографски трудови од француски на македонски јазик и покрај францускиот зборува англиски, германски и јужнословенски јазици.


НАТАША ГАБЕР ДАМЈАНОВСКА

Член на Управниот одбор

Г-а Наташа Г. Дамјановска беше судијка во Уставниот суд на Република Македонија од октомври 2008 до октомври 2017 година. Во периодот од април 1985 до октомври 2008 година, работеше во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во Скопје и во 2006 година се здоби со академското звање редовен професор. На овој институт таа предаваше предмети како политичко носење одлуки и граѓанско општество и дополнително предаваше вовед во политика, компаративни политички системи, избори и човекови права и глобализација и глобални политики на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје. Своите докторски студии ги заврши на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во Скопје во 1995 година. Течно зборува грчки и англиски јазик и има добро познавање на францускиот и италијанскиот јазик. Таа е автор на бројни училишни и научни трудови, стратешки документи, евалуациски извештаи, истражувачки студии и анализи и беше член на различни работни групи кои имаа за задача да го изготват Законот за избор на претставници во Собранието на Република Македонија од 2002 година и Законот за локални избори од 2004 година, кодификацијата на изборното законодавство од 2005 година и неговите амандмани од 2007 година, амандманите на Законот за граѓански здруженија и фондации од 2003 и 2008 година, Националната програма за државна антикорупциска комисија од 2007 година и Законот за спречување и заштита од сите форми на дискриминација од 2005 година.


МЕРИТА МАКСУТИ

Член на Управниот одбор

Г-а Мерита Максути е дипломиран архитект при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, а магистрирала урбанизам на Школата за планирање и јавни политики „Едвард Џ. Блустајн“ при Универзитетот „Руџерс“ во Њу Џерси, САД, како поранешен учесник во програмата „Фулбрајт“. Таа е и сертифициран ревизор за енергетска ефикасност. Има работено за „Мерси кор“ како проектен координатор/проектен менаџер за реконструкција во пост-конфликтни зони. Има работно искуство со УНДП Македонија како проектен менаџер за мали инфраструктурни проекти преку можности за вработување, а подоцна како проектен менаџер/заменик проектен менаџер за инфраструктурни проекти на општинско ниво. Во периодот од 2012 до 2014 година беше директор на „Проџект хармони“ за земјава. Од 2009 година е асистент на Државниот универзитет во Тетово по предметите методи на дизајнирање и просторни стратегии, дизајнирање елементи и основи на дизајнирање и урбанизам. Од 2014 работи како архитект во дизајнерското биро „Архитектус 8“. Од февруари 2015 таа е ангажирана од страна на „Веве груп“ како програмски менаџер за инфраструктурни проекти. Таа е еден од основачите и активни членови на движењето „Еко герила“ - еколошко здружение од Тетово.


СИМОНА ДУКОВСКА

Член на Управниот одбор

Г-а Симона Дуковска има дипломирано на отсек механичко инжинерство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Зад себе има искуство од повеќе од 16 години со бренд стратегија, бренд позиционирање и бренд менаџмент; рекламирање и креативна стратегија, менаџмент на кампањи, ребрендирање/позиционирање; големо искуство со зголемување на свеста за бренд и производи на максимално ниво како и профитабилност на препознатливи брендови; медиумска стратегија, купување и преговори, спонзорство и настани, пазарно истражување. Работеше како шеф на одделот на маркетинг и комуникации во „ВИП оператор“ од 2009 до 2015 година. Во моментов е директор за маркетинг на телевизија „Телма“. Зборува англиски, италијански и француски јазик.


ГОРДАН ГЕОРГИЕВ

Член на Управниот одбор

Г-н Гордан Георгиев е активен во граѓанскиот сектор веќе 20 години. Георгиев беше извршен директор на Форум-ЦСИД, една од водечките тинк-тенк организации во Република Македонија и директор на Македонската школа за политика под покровителство на Советот на Европа и дел од Регионалната мрежа на 15 школи за политички студии во земјите од Источна Европа. Исто така беше ангажиран на проекти спроведени од Центарот за истражување во меѓународни односи (ЦЕРИ) во Париз и на проекти на Фондацијата „Чарлс Леополд Мејер“ во Конго-Бразавил и Конго-Киншаса. Тој е експерт во „Вестминстер фондација за демократија“ и бил ангажиран како независен консултант од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Неговата експертиза вклучува истражувања и проекти на терен поврзани со демократска стабилизација, помирување, меѓуетнички односи, реформи и консолидација на политички партии, прашања од областа на регионалната безбедност, реформи на парламентарните практики и децентрализација. Во периодот од 2009 до 2013 година беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и беше претседател на собраниската Комисија за култура. Има завршено додипломски и постдипломски студии во областа на политичките науки и меѓународни односи на Парискиот институт за политички науки (ИЕП) и е магистер по европски студии од „Кингс колеџ“ од Лондон. Во 2009 година ја заврши Програмата за извршно образование на Харвард а во 2016 година се стекна со докторат во областа на политичките науки работејќи на теории на општествениот систем и структури на моќ. Во моментов Георгиев е вонреден професор на Правниот факултет при Универзитетот ФОН во Скопје.


Сите членови на Управен одбор на ФООМ

Извршен директор

ФАНИ КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА

Извршна директорка

Фани КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА е извршна директорка на Фондацијата Отворено општество - Македонија. Зад себе има 20 години искуство стекнато преку работење во граѓанскиот сектор и како волонтерка во студенски и младински организации и како член и дел од раководството на граѓански организации во земјата. Вработена е во ФООМ од 1998 година, а нејзината релевантна експертиза е во областите на пристап кон ЕУ, јавна администрација и реформи на локалната власт со посебен фокус на транспарентност и отчетност како и граѓанско учество.  Фани поседува додаток на диплома во областа на ЕУ интеграциите издаден од Институтот за европски политики од Берлин. Таа е уредник и коавтор на бројни публикации во областите на децентрализација и пристап кон ЕУ. Таа е дипломиран економист и магистер по Европски студии на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.

Програмски кадар

СЛАВИЦА ИНЏЕВСКА

Програмска директорка

Тел: +389 2 2444 488, локал 105 | Директен тел: 2477 105 | slavica.indjevska@fosm.mk | Развој на граѓанското општество

АДРИЈАНА ЛАВЧИСКА

Постара програмска координаторка

Тел: +389 2 2444 488, локал 182 | Директен тел: 2477 182 | adrijana.lavchiska@fosm.mk | Развој на граѓанското општество

СОЛУНКА ЗОКСИМОВСКА

Програмска координаторка

Тел: +389 2 2444 488, локал 118 | Директен тел: 2477 118 | solunka.zoksimovska@fosm.mk | Развој на граѓанското општество

АЛЕКСАНДРА ДИМОВА-МАНЧЕВСКА

Постара програмска координаторка

локал 177 | директен тел. 2477 177 | aleksandra.dimova@fosm.mk | Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование

КРИСТИНА ТАСЕВСКА

Програмска координаторка

локал 131 | директен тел. 2477 131 | kristina.tasevska@fosm.mk | Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование

ДАНЧЕ ДАНИЛОВСКА-БАЈДЕВСКА

Постара програмска координаторка

локал 124 | директен тел. 2477 124 | dance.danilovska@fosm.mk | Владеење на право и добро управување

КИРЕ МИЛОВСКИ

Програмски координатор

локал 119 | директен тел. 2477 119 | kire.milovski@fosm.mk | Владеење на право и добро управување

МАРИЈА МИРЧЕВСКА

Програмска координаторка

локал 175 | директен тел. 2477 175, | marija.mirchevska@fosm.mk | Владеење на право и добро управување: Реформи на јавна администрација - Граѓанска алијанса за транспарентност

АРТА ЈУСУФИ

Програмска координаторка

локал 133 | директен тел. 2477 133, |arta.jusufi@fosm.mk | Владеење на право и добро управување: Реформи на јавна администрација - Граѓанска алијанса за транспарентност

НАДА НАУМОВСКА

Постара програмска координаторка

локал 116 | директен тел. 2477 116 | nada.naumovska@fosm.mk | Владеење на право и добро управување

АЛЕКСАНДРА ДИМОВСКА

Соработник

aleksandra.dimovska@fosm.mk | Владеење на право и добро управување: Пристапување на Република Северна Македонија кон Европската унија

БОЈАНА БАБУНСКА

Соработник

bojana.babunska@fosm.mk | Владеење на право и добро управување: Пристапување на Република Северна Македонија кон Европската унија

МАЈА КАМБОВСКА

Соработник

maja.kambovska@fosm.mk | Владеење на право и добро управување: Пристапување на Република Северна Македонија кон Европската унија

МАРТИН НАЦЕВСКИ

Соработник

martin.nacevski@fosm.mk | Владеење на право и добро управување: Пристапување на Република Северна Македонија кон Европската унија

САНДРА АНАСТАСОВСКА

Програмски менаџер

sandra.anastasovska@fosm.mk | Владеење на право и добро управување: Дијалогсо граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите

АЛЕКСАНДРА ГРУЕВСКА

Административен координатор

aleksandra.gruevska@fosm.mk | Владеење на право и добро управување: Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите

САЊА БОЖОВИЌ

Програмски менаџер за истражување

sanja.bozhovikj@fosm.mk | Владеење на право и добро управување: Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите

ХРИСТИНА ВАСИЛЕВСКА

Програмска координаторка

локал 126 | директен тел. 2477 126 | hristina.vasilevska@fosm.mk | Правно зајакнување: Пристап до правда во Македонија

СУЗАНА ВЕЛКОВСКА

Постара програмска координаторка

локал 129 | директен тел. 2477 129 | suzana.velkovska@fosm.mk | Здравје и права; Правно зајакнување

ИВОНА СТАЛЕВСКА

Програмска координаторка

локал 115 | директен тел. 2477 115 | ivona.stalevska@fosm.mk | Здравје и права; Правно зајакнување

АЛЕКСАНДАР МАРКОВСКИ

Програмски координатор

локал 100 | директен тел. 2477 100 | aleksandar.markovski@fosm.mk | Здравје и права

СПОМЕНКА ЛАЗАРЕВСКА

Програмска директорка

локал 150 | директен тел. 2477 150 | spomenka.lazarevska@fosm.mk | Образование и млади

СУЗАНА ПЕЦАКОВСКА

Постара програмска координаторка

локал 190 | директен тел. 2477 190/2446 787 | suzana.pecakovska@fosm.mk | Образование и млади

НАТАША АНЃЕЛЕСКА

Постара програмска координаторка

локал 160 | директен тел. 2477 160/2447 094 | natasa.angjeleska@fosm.mk | Образование и млади

АЈСЕЛ АМЕТ

Програмска координаторка

локал 107 | директен тел. 2477 107 | ajsel.memet@fosm.mk | Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование

ЕСМА ЕМИН

Програмска асистентка

локал 125 | директен тел. 2477 125 | esma.emin@fosm.mk | Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование

Администрација и финансии

ЉИЉАНА РИСТЕВСКА

Раководителка на сметководство

локал 110 | директен тел. 2477 110 | ljiljana.ristevska@fosm.mk

БЕТИ СИМЈАНОСКА-ТРАЈЧЕВСКА

Сметководителка

локал 120 | директен тел. 2477 120 | beti.simjanoska@fosm.mk

АНАСТАЗИЈА ПАНЕВА-ПИСАРЕВА НИКОЛИЌ

Благајничка

локал 111 | директен тел. 2477 111 | anastazija.paneva@fosm.mk

ВАНЧО ЏАМБАСКИ

Менаџер за грантови и логистика

локал 112 | директен тел. 2477 112/ 2446 744 | vanco.dzambaski@fosm.mk

НАДИЦА СТАМБОЛЏИОСКА

Програмска координаторка

локал 155 | директен тел. 2477 155 | nadica.stamboldjioska@fosm.mk

АНА АНДРЕЕВА

Kоординаторка за комуникации

локал 171 | директен тел. 2477 171 | ana.andreeva@fosm.mk