Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Ние сме Фондација Отворено општество ‒ Македонија, дел од глобалната мрежа Фондации Отворено општество основани од американскиот инвеститор и филантроп Џорџ Сорос, а во Македонија официјално почнуваме со работа во 1992 година.

Посветени сме на креирање динамично и толерантно општество во кое граѓаните се свесни и активни, а властите отчетни, општество во кое сите ќе имаат еднакви можности да ги искористат своите потенцијали, да бидат вклучени во донесувањето одлуки, да иницираат промени, општество во кое се почитува различното мислење и се негува и развива критичката мисла.

Нашата поддршка, во најголем дел е изразена преку грантови за граѓанските организации, неформални групи и индивидуалци, кои во повеќе области, сите на свој начин, работат на промовирање на вредностите на отвореното општество.

Од 1992 до денес Фондацијата вложи повеќе од 130 милиони долари за демократизација на македонското општество и подобрување на животот на граѓаните што останува и понатаму наш фокус и секојдневно и на повеќе полиња отвораме многу прашања кои се од интерес за сите граѓани.

Активно поддржуваме решенија кои ќе овозможат развој на граѓанското општество, унапредување на здравството и образованието, зајакнување на владеењето на правото, почитување и заштита на човековите права, слобода на говорот, младинската ангажираност, интеграцијата на Ромите и на другите маргинализирани заедници, кои ќе овозможат борбата против корупцијата, но и пристап до правда за сите граѓани подеднакво.

Кратка историја

Кога Фондацијата Отворено општество – Македонија започна со својата работа во 1992 веднаш се најде пред кризата со која се соочуваше нашата новоформирана независна држава – затворените граници од север и југ, но и војните во регионот кои подгрева етнички тензии. Земјата беше во голема финансиска криза, на што нашата новоформирана Фондација одговори со поддршка која во моментот беше неопходна – медицинска и хуманитарна помош со која се создадоа основни услови за функционирање на јавното здравство, заем за купување на нафта за греење, обезбедување на коридор со кој македонските земјоделски производи стигнаа на пазарите во Словенија и Хрватска.

Во 2001 година кога земјата повторно се соочуваше со криза предизвикана до вооружениот конфликт, Фондацијата обезбеди критична поддршка која овозможи јавноста да биде информирана за случувањата во земјата и за деталите од склучениот Охридски договор. Оваа поддршка поттикна демократско отворање на земјата, а подоцна и помирување помеѓу етничките групи особено важна за земјата во моментот.

Соочени со многу предизвици низ годините, особено во последната декада на политички превирања, Фондацијата Отворено општество – Македонија остана фокусирана на поддршката која овозможи сериозен развој на граѓанското општество, нешто што го правиме и ден денес. Остануваме посветени на вредностите кои и до сега ни беа мотивацијата за работа – владеењето на правото, транспарентност и отчетност на властите – и во ова време на подготовки за членство на Северна Македонија во НАТО и датум за преговори за членство во Европската Унија. Нашиот фокус остануваат да бидат заложби за поддршка на реформските процеси кои ќе помогнат во евро-атлантските интеграции на земјата, но и заложбите за овозможување пристап до квалитетни услуги за граѓаните, а особено за маргинализираните групи.

9 факти за Фондацијата Отворено општество – Македонија