Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Фондацијата Отворено општество – Македонија е дел од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, кои ги вклучуваат и фондациите отворено општество во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија.

Фондациите Отворено општество – Западен Балкан се ангажирани во три тематски области: 
– Интеграција во ЕУ и регионална соработка 
– Праведна зелена транзиција 
– Дигитална трансформација

Тимот на Фондациите Отворено општество – Западен Балкан се состои од интегрирани тимови на фондациите во Западен Балкан:

Анди Добруши – Директор
Миодраг Милосављевиќ – Заменик директор
Дукаѓин Хисени – Директор за операции

Програмски тим Интеграција во ЕУ и регионална соработка
Лура Лимани – Лидер на тимот 
Александра Сањевиќ – Програмски менаџер
Колдјан Сеферај – Програмски менаџер
Марија Мирчевска – Програмски аналитичар

Програмски тим – Праведна зелена транзиција
Дритан Нелај – Лидер на тимот
Адријана  Лавчиска –  Програмски менаџер 
Денион Галимуна – Програмски менаџер 

Програмски тим – Дигитална трансформација: 
Мерван Мирасчија  – Лидер на тимот 
Душан Сабиќ – Програмски аналитичар 

Оперативен тим: 
Александра Сула – Финансиски менаџер
Љиљана Ристевска – Финансиски менаџер
Денис Имамовиќ – Соработник за грантови и финансии
Владимир Васиќ – Соработник за грантови и финансии
Леонид Блошми – ИТ координатор

За Фондација Отворено општество до 2022 година:

Ние сме Фондација Отворено општество ‒ Македонија, дел од глобалната мрежа Фондации Отворено општество основани од американскиот инвеститор и филантроп Џорџ Сорос, а во Македонија официјално почнуваме со работа во 1992 година.

Посветени сме на креирање динамично и толерантно општество во кое граѓаните се свесни и активни, а властите отчетни, општество во кое сите ќе имаат еднакви можности да ги искористат своите потенцијали, да бидат вклучени во донесувањето одлуки, да иницираат промени, општество во кое се почитува различното мислење и се негува и развива критичката мисла.

Нашата поддршка, во најголем дел е изразена преку грантови за граѓанските организации, неформални групи и индивидуалци, кои во повеќе области, сите на свој начин, работат на промовирање на вредностите на отвореното општество.

Од 1992 до денес Фондацијата вложи повеќе од 130 милиони долари за демократизација на македонското општество и подобрување на животот на граѓаните што останува и понатаму наш фокус и секојдневно и на повеќе полиња отвораме многу прашања кои се од интерес за сите граѓани.

Активно поддржуваме решенија кои ќе овозможат развој на граѓанското општество, унапредување на здравството и образованието, зајакнување на владеењето на правото, почитување и заштита на човековите права, слобода на говорот, младинската ангажираност, интеграцијата на Ромите и на другите маргинализирани заедници, кои ќе овозможат борбата против корупцијата, но и пристап до правда за сите граѓани подеднакво.

Кратка историја

Кога Фондацијата Отворено општество – Македонија започна со својата работа во 1992 веднаш се најде пред кризата со која се соочуваше нашата новоформирана независна држава – затворените граници од север и југ, но и војните во регионот кои подгрева етнички тензии. Земјата беше во голема финансиска криза, на што нашата новоформирана Фондација одговори со поддршка која во моментот беше неопходна – медицинска и хуманитарна помош со која се создадоа основни услови за функционирање на јавното здравство, заем за купување на нафта за греење, обезбедување на коридор со кој македонските земјоделски производи стигнаа на пазарите во Словенија и Хрватска.

Во 2001 година кога земјата повторно се соочуваше со криза предизвикана до вооружениот конфликт, Фондацијата обезбеди критична поддршка која овозможи јавноста да биде информирана за случувањата во земјата и за деталите од склучениот Охридски договор. Оваа поддршка поттикна демократско отворање на земјата, а подоцна и помирување помеѓу етничките групи особено важна за земјата во моментот.

Соочени со многу предизвици низ годините, особено во последната декада на политички превирања, Фондацијата Отворено општество – Македонија остана фокусирана на поддршката која овозможи сериозен развој на граѓанското општество, нешто што го правиме и ден денес. Остануваме посветени на вредностите кои и до сега ни беа мотивацијата за работа – владеењето на правото, транспарентност и отчетност на властите – и во ова време на подготовки за членство на Северна Македонија во НАТО и датум за преговори за членство во Европската Унија. Нашиот фокус остануваат да бидат заложби за поддршка на реформските процеси кои ќе помогнат во евро-атлантските интеграции на земјата, но и заложбите за овозможување пристап до квалитетни услуги за граѓаните, а особено за маргинализираните групи.

9 факти за Фондацијата Отворено општество – Македонија