Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, по барање на Министерството за внатрешни работи, согласно заклучоците од 148. седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 30.07.2019 година, објавува Јавен повик за избор на тројца претставници од граѓанскиот сектор во работна група за изработка на предлог-план на мерки, активности и динамика за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи. 

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 23 август 2019 година. 

Целосниот повик како и пријавата за кандидат за претставник можете да ги најдете на следниот линк.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk.

—————————————————

19 август 2019