Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

ЊУЈОРК – Фондациите Отворено општество ќе доделат повеќе од 130 милиони долари за борба против разорните ефекти од КОВИД-19 ширум светот, со фокус на обезбедување директна помош за ранливите заедници и давање отпор на загрозувањето на политичките слободи од страна на владите.

Заложбата на Отвореното општество вклучува брза реакција на локално ниво каде живеат и работат голем дел од нашите вработени – од Берлин до Лондон, од Мексико Сити и Рио де Жанеиро до Аман и Кејптаун. Половина од иницијалниот фонд на Отвореното општество за намалување на последиците од КОВИД-19 се наменети за САД, каде досега е забележан најголемиот број на потврдени смртни случаи, и каде системските нееднаквости ќе донесат длабоки глобални последици во следните години. Како што вирусот се шири низ континентите, ние ќе ги фокусираме нашите заложби кон глобалниот југ, особено во земјите каде слабите институции се соочуваат со и со здравствена и со економска катастрофа.

Нашето финансирање е наменето за оние кои се изложени на најголем ризик, вклучително и работниците од сивата економијата, оние со ниски примања и привремените работници, но и бегалците, мигрантите и барателите на азил, обесправените групи како Ромите во Европа, бездомните лица, здравствените работници и негувателите кои се првите борбени редови, притворениците и затворениците.

„Самиот обем на оваа пандемија ги изнесе на виделина поделбите и неправдите во нашиот свет“ рече Џорџ Сорос, основач и претседавач на Фондациите Отворено општество. „По финансиската криза во 2008 година, ја пропуштивме можноста да создадеме поправедна економија и да обезбедиме социјална безбедносна мрежа за работниците кои се основата на нашите општества. Денес, мораме да ја смениме насоката и да се запрашаме каков свет ќе произлезе од оваа катастрофа и што ние може да направиме за тој да биде подобар.“

„Ова е првиот чекор во нашиот тековен одговор за решавање на економските и политичките потреси што ги донесе оваа болест“, рече Патрик Гаспар, претседателот на Фондациите Отворено општество. „Овие заложби за олеснување на последиците од кризната ситуација ќе ги поддржат нашите грантисти директно да стигнат до оние кои немаат пристап до помош преку владините системи. Еднакво важна е и нашата цел да се осигури дека центрите на моќ никогаш повеќе да не дозволат оние кои се главната потпора на нашите економии да страдаат во сенка.“

Длабоко загрижени за огромните закани по демократската одговорност и индивидуалните слободи, Отвореното општество ќе ги финансира и партнерите кои ги оспоруваат прекршувањата на политичките слободи како што лидерите воведуваат мерки за суспендирање на пристапот до информации, ги намалуваат сексуалните и репродуктивните права, ги прошируваат овластувањата за следење вон она што е потребно за заштита на јавното здравје, и бараат жртвени јагниња за да им ја припишат вината, искористувајќи ја пандемијата како средство за приграбување неконтролирана власт.

Конкретните елементи на финансискиот пакет вклучуваат:

Извор: Фондации Отворено општество

—————————————————

21 април 2020