Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Предвремените парламентарни избори кои годинава се одвиваат под многу специфични околности, се предизвик за сите. Важно е, како никогаш до сега, во услови кои ќе обезбедат заштита на здравјето на граѓаните, сите чинители да покажат зрелост, институциите да спроведат фер и демократски избори и со тоа да се оневозможи каква било злоупотреба на изборниот процес. Тоа е уште еден чекор кон целта – исполнување на условите за непречено напредување во преговорите со Европската Унија.

Од исклучително значење е институциите да обезбедат граѓаните своето право на глас да го остварат во услови кои ќе гарантираат заштита на нивното здравје. Во услови на епидемија очекуваме и политичките партии да се воздржат од организирање настани кои се спротивни на мерките за заштита на здравјето на граѓаните.

Апелираме до политичките партии, во претстојните изборни кампањи да се воздржат од говор на омраза и дискредитација по кој било основ, но и од креирање атмосфера на нетрпеливост, недоверба и поларизација. Едновремено, ги повикуваме политичките партии да покажат капацитет за демократско управување, но и чувство на одговорност за иднината на земјата и да се воздржат од користење и пласирање на лажни вести.

Во насока на обезбедување демократски избори, а во пресрет на отпочнувањето на преговорите со Европската Унија, очекуваме дека предизборната кампања нема да се користи за да се дискредитира работата на граѓанското општество, кое делува единствено во интерес на граѓаните со крајна цел подобрување на квалитетот на животот на сите, особено на оние кои живеат на работ на општеството.

Во овој контекст, бараме од политичките партии и во изборните програми, но и понатаму, имајќи ја предвид мултикултурноста и мултиетничноста на нашата земја, да се заложат за вредностите на отвореното општество и да:

Ги охрабруваме политичките партии преку своите кампањи активно да придонесат кон создавање атмосфера на солидарност и поддршка кои ни се толку неопходни во наредниот период на здравствено, економско и општествено справување со последиците од епидемијата на КОВИД-19. 

—————————————————

23 јуни 2020