Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

АВТОР: ЛЕОНАРД БЕНАРДО

Пандемијата со COVID-19 поставува нови огромни ограничувања на националните економии и здравствени системи низ целиот свет. Оваа глобална криза директно ја загрозува работата и благосостојбата на многу групи и поединци кои добиваат финансиска поддршка од Фондациите Отворено Општество. Исто така, ни носи нови предизвици на кои треба да одговориме веднаш, но кои ќе останат и во иднина.

Признаваме дека ситуацијата на терен на кое било дадено место брзо се менува. Исто така, знаеме дека дури и кога ќе најдеме начини да го спречиме вирусот, неговите влијанија ќе се чувствуваат и во иднина. Предизвиците и приоритетите денес – и какви ќе бидат тие утре – бараат агилност, издржливост и брза реакција. Затоа ние сме подготвени да понудиме флексибилност во нашата поддршка што им овозможува на грантистите да одговорат на овие предизвици.

Прво, би сакале да ги увериме сите наши грантисти дека Фондациите Отворено Општество се во стабилна финансиска состојба. Нема причина да бидете загрижени дека нема да можеме да ги исполниме нашите обврски кон вас.

Второ, Отворено Општество ќе се потпре на своите грантисти за тие да направат проценки засновани на ризик за тоа дали и како да ги променат активностите во однос на СOVID-19. Фондациите не сакаат премногу да ги оптоварат грантистите чијашто работа е погодена од пандемијата. Во наредните недели и месеци ќе направиме обиди подобро да го разбереме влијанието на јавната здравствена криза врз вашата работа.

Трето, врз основа на различни случаи, нашите програмски службеници и директори се подготвени со сочувство да ги разгледаат сите барања што ќе ги направите за прилагодување за да ви овозможат да користите средства за покривање на непредвидените трошоци поврзани со подготвеноста, реакција или ублажување на ризикот предизвикани од оваа вонредна здравствена состојба или за покривање на други казни, како резултат на откажани активности.

Ако грантистите сметаат дека е поскапо да се искористи грант од Отворено Општество заради вонредната здравствена состојба поради коронавирусот, тогаш тие треба да работат со своите програмски службеници за да проценат дали имаат средства за да се покријат овие непредвидени трошоци.

Знаеме дека вредностите за кои секојдневно се борите минуваат тешки стрес-тестови во моменталното опкружување и дека СОVID-19 ќе нè предизвика сите нас на начини кои не би можеле да ги предвидиме. Ние сме со вас во оваа борба и јас сум убеден дека овие нови околности ќе ги насочиме заедно во наша полза.

16 април 2020

Извор: Фондации Отворено општество

—————————————————

21 април 2020