Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

На 11 април, 2018 г. во хотел Холидеј Ин во Скопје, во рамки на Концептот за меѓуетничка интеграција во образованието се одржа завршен настан на кој беа презентирани наодите од истражувањето „Инфраструктурата и техничко-технолошка опременост на основните училишта во Македонија: состојба и проекции“.

Ова истражување беше спроведено од тимот на Здружението на млади аналитичари и истражувачи (ЗМАИ) во рамки на проектот „Инфраструктурата и рамномерниот развој на основните училишта во Македонија’’ поддржан од Фондацијата Отворено општество- Македонија. Целта на истражувањето беше да се утврди моменталната состојба во училиштата со инфраструктурата и техничка опрема, да се идентификуваат разликите во  развојот на училиштата помеѓу општините и регионите,  да се направи проценка на неопходните инвестиции за унапредување на училишната инфраструктура и обезбедување на неопходната техничка опрема и  да се дадат препораки за подобрување на состојбата. На настанот беа присутни претставници на Министерството за образование и наука на РМ (МОН), на локалните самоуправи, училиштата и граѓански општините во регионите организации кои работат во областа на образованието. „Скопските општини се многу поразвиени од останатите општини, меѓутоа може да се забележи и голема разлика во развиеноста помеѓу општините од регионите “-истакна Виктор Стојкоски од ЗМАИ. Државната советничка Назиктере Сулејмани потенцираше дека МОН со внимание ги проследи извештајот и препораките и веќе презема активности во насока на подобрување на ваквата состојба.

За целосното истражување кликнете тука.

—————————————————

18 април 2019