Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Со поддршка од Фондација отворено општество Македонија, како дел од програмата за Унапредување на репродуктивно здравје на Ромките, Граѓанската организација ХЕРА  – Асоцијација за здравствена едукација и истражување ја организираше панел дискусијата на тема „Здравствена заштита за репродуктивно здравје во Република Македонија”, која се одржа на 12 февруари, во хотел Арка во Скопје.

Целта на настанот е беше презентација на главните наоди од Анализата за здравствена заштита за репродуктивно здравје – со осврт кон човечките ресурси и на Предлог модалитетите и насоките за системски решенија за намалување на бариерите во пристапот до здравствена заштита на репродуктивното здравје на жените во Република Македонија.

Двете публикации даваат објективна слика за состојба во Македонија и ќе придонесат во процесот на донесување што подобри решенија за унапредување на репродуктивното здравје. Во изготвувањето на двете публикации учествуваше консултативен тим, составен од членови од повеќе профили, од различни засегнати страни во општеството:  Министерство за здравство, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Здружение на приватни гинеколози, Институт за јавно здравје,  Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство,  здружение на матични-семејни лекари, здружение на акушери, Иницијатива на жени од Шуто Оризари и претставници од здружение ХЕРА.

Анализа: http://fosm.mk/CMS/Files/Documents/Analiza_MK.pdf

Предлог модалитети: http://fosm.mk/CMS/Files/Documents/Modaliteti_MK.pdf

—————————————————

18 април 2019