Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

На националниот форум на тема „[Не]Достапни податоци за мерење на пристапот до правда“, Коалицијата Маргини и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ го презентираа на извештајот за имплементирањето на одржливата развојна цел на Обединети Нации „Промовирање на владеењето на правото и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите“.

Препознавајќи го значењето на пристапот до правда како посебна развојна цел, Коалицијата Маргини и Здружението ЕСЕ, со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), иницираа процес на промовирање на цел 16.3 и потребата за нејзино имплементирање во нашето општество. За таа цел, во текот на минатата година беше подготвен основен извештај за состојбите со владеењето на правото и пристапот до правда во нашата држава.

Главните наоди од извештајот беа презентирани на Националниот форум, на кој учество земаа Оливер Ристовски – Заменик Министер за правда, Фани Каранфилова-Пановска – Фондација Отворено општество – Македонија, Јасминка Фришчиќ – Здружение ЕСЕ. Наодите ги презентираа Наташа Бошкова и  Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини и Марија Гелевска и Стојан Мишев од Здружение ЕСЕ.

—————————————————

18 април 2019