Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Стратешка определба на Фондацијата Отворено општество – Македонија е поддршката на државните реформи во повеќе клучни области кои се од стратешка важност за Фондацијата, вклучувајќи ја и поддршката за реформите кои ќе обезбедат унапредување на условите за развој на граѓанското општество.

Во оваа насока, Фондацијата Отворено општество – Македонија и Генералниот секретаријат на Владата на РСМ потпишаа Меморандум за соработка во кој се воспоставуваат основите за транспарентен и доверлив модел на системот на државно финансирање на граѓанските организации, што воедно е и стратегиска цел на Владата утврдена во Стратегијата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор.
Во рамките на оваа соработка, Фондацијата Отворено Општество – Македонија ќе го поддржи, ќе учествува и ќе го координира процесот на подготовка на анализа за финансиската поддршка на здруженијата и фондациите од Буџетот на РСМ во 2017, 2018 и 2019 година со компаративна анализа на моделите за државно финансирање од другите земји од Западен Балкан и ЕУ.

Имајќи ја предвид заложбата за унапредување на условите за развој на граѓанското општество во Република Северна Македонија, во изработената анализа ќе биде даден предлог со опции на модели за воспоставување единствен фонд за институционален развој на граѓанските организации и за кофинансирање на ЕУ проекти во Република Северна Македонија.
Со почит,
Фондација Отворено општество – Македонија

—————————————————

12 јуни 2019