Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Ромскиот образовен фонд (РЕФ) го објавува годишниот конкурс на РМУСП Програмата за стипендирање за новата 2018/2019 академска година. РМУСП стипендиите базирани на академски достигнувања се наменети за студенти Роми на додипломски, последипломски и докторски студии на државен и/или на друг  акредитиран универзитет во: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Турција.

Кандидатите се упатуваат внимателно да го прочитаат РМУСП водичот за пријавување достапен на македонски јазик на веб-страната на РМУСП Програмата.

 

*****

НАЧИН И ФАЗИ НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Процесот на пријавување и селекција се состои од две фази:

Прва фаза – Комплетирање и испраќање на електронска пријава достапна на веб-страната.
Краен рок: 17 МАЈ 2018

Втора фаза – Верифицирање на запишувањето, односно поднесување на потврда за упис и потврда за висината на школарината согласно инструкциите дадени во водичот за пријавување.
Краен рок: Есен 2018 година (сите што ќе ја поминат првата фаза, преку е-маил ќе бидат известени за втората фаза)

КРИТЕРИУМИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
На конкурсот можат да се пријават кандидатите кои ги исполнуваат следниве критериуми:

1.  Отворено се декларираат како Роми;

2. Во моментот на пријавување се студенти или ќе бидат прифатени како студенти на додипломски, магистерски или докторски студии кои водат кон добивање диплома на државен и/или на друг  акредитиран универзитет во нивната матична земја или земја на живеење во текот на 2018–2019 академска година;
– Матичната земја или земја на живеење треба да биде една од земјите на РМУСП програмата, односно: Албанија, Бугарија,  Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Црна Гора, Македонија, Романија, Словачка, Србија и Турција.

3. Студентите кои студираат по моделот на студии на далечина (distance learning) немаат право на пријавување и поддршка од Програмите за стипендирање на РЕФ;
– Студентите запишани како вонредни студенти на додипломски студии немаат право да се пријават на конкурсот за стипендија.
– Студентите запишани како вонредни студенти на магистерски или докторски студии, можат да се пријавата во РМУСП Програмата.

4. На овој конкурс не се прифаќаат пријавите за стипендирање од кандидатите кои биле корисници на РЕФ/РМУСП Програмата во претходните години и кои сакаат да ја обноват стипендијата повторно за истата таа академска година;

5. РЕФ/РМУСП Програмата ги прифаќа само оние пријави за стипендирање кои овозможуваат последователни студии, односно здобивање со следен, повисок степен на образование;
– на пример, ако барателот е дипломиран магистер, предложеното ниво на студии во овој РЕФ/ РМУСП конкурс за стипендирање треба да се однесува на следното ниво на студирање, во овој случај за докторски студии/докторат. Кандидатите кои веќе ги комплетирале докторските студии, немаат право да се пријават за стипендија на магистерски или додипломски студии, додека кандидатите со комплетирани магистерски студии немаат право да се пријават  за стипендирање на втори магистерски или додипломски студии.

6. РЕФ/РМУСП Програмата прифаќа пријави за стипендирање само за студии кои ќе бидат комплетирани навреме, во рамки на вообичаеното време предвидено за студирање (на пример, не се прифаќаат пријави за стипендирање на 4-та година на студенти запишани на тригодишни додипломски студии заради пролонгирање на студиите);

7. Студентите на кои универзитетот/факултетот им одобрува временски период за да ја подготват конечната теза (што не бара задолжително присуство на студентите на предавања) не ги исполнуваат условите за стипендија;

8. РЕФ/РМУСП Програмата ги прифаќа исклучиво комплетираните пријави кои се целосно пополнети со сите потребни документи.

Подетални информации и објаснувања поврзани со конкурсот можете да добиете во Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ) на бул. Јане Сандански бр. 111, Скопје.

Array
(
    [0] => Ајсел Амет
Телефон: 02/ 2477–107
е-mail: aamet@romaeducationfund.org
)

Лице за контакт:

Ајсел Амет
Телефон: 02/ 2477–107
е-mail: aamet@romaeducationfund.org

—————————————————

17 мај 2018