Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Со поддршка од Програмата за јавно здравје при Фондациите Отворено Општество, EPHA (Европската алијанса за јавно здравје), инаку водечка НВО во Европа која се застапува за подобро здравје, ја лансира програмата за работни стипендии во период од една година (2018-2019) за обука и менторство на застапувачи за ромско здравје во ЕУ.
Предвид треба да се земе фактот дека оваа позиција е волонтерска и не подразбира финансиски надомест (освен покривање на неопходните трошоци).

Работната стипендија има за цел да ги зајакне младите застапувачи за ромско здравје кои работат на ромски прашања за да ги развијат потребните алатки за ангажирање со креаторите на политики во Европа и да ги зајакнат лидерските капацитети во ромските заедници за ромското здравје на ниво на ЕУ.

Во идеална ситуација, стипендистите би требало да бидат испратени на работа од страна на граѓански организации со седиште во земјите од Средна или Источна Европа. Стипендистите (и организациите кои ги испратиле на работа) ќе имаат можност да ги развиваат нивните професионални вештини, со фокус на практиката и работа на европско ниво, и да градат контакти и соработка со клучни фактори на ниво на ЕУ (на пр. Европска комисија, членови на Европскиот парламент и европски мрежи на НВОи, меѓу другите).

Програма за работни стипендии

Програмата за работни стипендии обезбедува финансиска поддршка за покривање на патните трошоци, трошоците за сместување и други трошоци поврзани со дневници за времетраење на програмата. Концептот на работната стипендија упатува дека таа е комплементарна со моменталното работно место/студии на стипендистите.

Програмата обезбедува техничка помош според потребите за двајца застапувачи за ромско здравје на тема застапување за здравјето во ЕУ. Ваквата помош ќе вклучи компонента на менторство и обука за клучните здравствени процеси во ЕУ. Исто така, таа ќе го олеснува градењето партнерства и потенцијални соработки со релевантни фактори од ЕУ.

Акцијата за работни стипендии ќе придонесе во ангажманот на EPHA во Европската рамка на национални стратегии за интеграција на Ромите (NRIS), а од стипендистите се очекува да работат на националната стратегија во нивната матична земја, преку подготовка на анализи и учество во активности за поднесување извештаи од сенка.

Силно поттикнуваме апликации од лица со ромско потекло, бидејќи Програмата за работни стипендии за ромското здравје е усогласена со Програмата за работни стипендии за ран детски развој на EPHA-OSF и со работата на EPHA на ромското здравје. Искуства поврзани со живеење и работа во ромски заедници ќе се сметаат за предност.

Работната стипендија главно ќе се одвива преку електронска комуникација меѓу стипендистот и персоналот на EPHA. Програмата налага ангажман од околу два (2) дена месечно и пет (5) посети на Брисел: три дена по посета, вклучително и покривање на патните трошоци, трошоците за сместување и дневница за покривање на неопходните трошоци при посетата. Целта е да се развијат следниве вештини и знаења:

1. Разбирање на процесите за донесување одлуки и за консултации во рамки на ЕУ, со фокус на здравствените фактори во институциите на ЕУ;
2. Подобра анализа на јавни политики и вештини за изработување јавни политики, вклучително и препораки за јавните политики наменети за донесувачите на одлуки;
3. Градење сојузи со различни организации кои работат во секторите за социјална и здравствена заштита;
4. Подобрени вештини за презентирање и јавно говорење, преку средби лице-в-лице со донесувачите на одлуки во ЕУ.

Крајниот рок за пријавување е 28.2.2018, среда, 17:00

За подетални упатства и информации околу аплицирањето, посетете ја веб страницата.

                                    
            

—————————————————

28 февруари 2019