Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува Повик за консултант/ка за подготовка на Извештај за најзначајните проектни постигнувања и најчестите прекршувања на човековите права согласно Договорот за грант меѓу ФООМ и Европската Унија бр. NEAR-TS/2021/429-169.

1. Информации за проектот

Проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ се спроведува во периодот јануари 2022-јули 2023 година од страна на ФООМ, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп, финансиски поддржан од Европската Унија.

Целта на проектот е: да се овозможи заштита на човековите права преку правно зајакнување на бранителите на човекови права за унапредување на пристапот до правда за најмаргинализираните групи со фокус на Роми, луѓе кои живеат во рурални средини, лица кои употребуваат дроги, сексуални работници, деца и семејства во социјален ризик и други ранливи заедници.

Специфичните цели се: 1.    Зголемен пристап до правда и правно зајакнување на маргинализираните граѓани преку континуирано обезбедување на квалитетни правни и параправни услуги; 2.    Унапредено знаење и алатки на бранителите на човековите права и граѓанските организации за ефективна едукација и мобилизирање на граѓаните да преземат акција против нееднаквостите и да бараат остварување на законски гарантираните права; 3.       Креирани напредни политики и практики засновани на докази кои ги содржат пристапите за човекови права, ги намалуваат нееднаквостите во пристапот до основните јавни услуги (здравствени, социјални, итн.) и ги задоволуваат потребите на маргинализираните граѓани.

Проектот ќе се имплементира преку групи на проектни интервенции/активности кои опфаќаат: Обезбедување на квалитетни правни и параправни услуги за унапредување на правата од здравствена и социјална заштита и други човекови права за маргинализираните заедници;

Правно зајакнување на целните маргинализирани заедници да бараат остварување на човековите права; Едукација на маргинализираните граѓани да препознаат и изградат отпор против дезинформации поврзани со пандемии, како и промоција на важноста од потребата за вакцинацијата против Ковид-19 како човеково право, но и обврска од исклучителна важност за јавното здравје; Активности за видливост на проектот; Градење капацитети на граѓанските организации и на претставници на релевантни институции на национално и локално ниво за унапредување на нивните услуги; Идентификување системски пречки во остварувањето на здравствените, социјалните и другите човекови права на маргинализираните заедници и застапување за нивно надминување; Активности за застапување за унапредување на пристапот до правда за сите граѓани.

2. Работни задачи и обврски

Во рамките на проектот ќе биде ангажиран/а еден/една консултант/ка. Главна задача е подготовка на Извештај за најзначајните проектни постигнувања во рамки на проектот и најчестите прекршувања на човековите права.

Специфични работни задачи се:

Работните обврски се:

3. Временска рамка

Активностите ќе се имплементираат во периодот март 2023 – јуни 2023 година и тоа:

Задача Краен рок за изработка Работни денови
Развивање методологија за подготовка на Извештајот март  2023 година 2 дена
Анализа на извештаи април 2023 година 1 ден
Работни состаноци со имплементаторите на проектот април 2023 година 2 дена
Подготовка на драфт-документ мај 2023 година 3 дена
Финална верзија на документот со вклучени препораки јуни 2023 година 4 дена

 

4. Потребни квалификации

 

5. Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати/ки потребно е да достават кратка биографија (CV) со релевантни референци и линкови од претходно изработени извештаи, план за спроведување на активности и финансиска понуда во денари со вклучен персонален данок, на e-mail hristina.vasilevska@fosm.mk со назнака „Повик за консултант/ка“, најдоцна до  21.02.2023 година до 16:00 часот.

Непотполните и ненавремените пријави нема да бидат разгледани.

E-mail адреса за контакт: hristina.vasilevska@fosm.mk

Array
(
    [0] => 
)
Дополнителни документи :
Повик за консултант/ка (PDF)
Погледнете:
Резултати од конкурсот

—————————————————

13 февруари 2023