Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува Повик за консултант/ка за развивање на методологија за следење на имплементацијата на Законот за бесплатна правна помош и подготовка на Извештај во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ согласно Договорот за грант меѓу ФООМ и Европската Унија бр. NEAR-TS/2019/411-575.

Информации за проектот

Проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ се спроведува во периодот јануари 2020-јули 2021 година од страна на ФООМ, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп, финансиски поддржан од Европската Унија.

Целта на проектот е овозможување на заштита на човековите права преку правно зајакнување за унапредување на пристапот до правда за најмаргинализираните групи граѓани, со фокус на Роми, луѓе кои користат дроги, сексуални работници, деца и семејства во социјален ризик и други ранливи заедници. Специфични цели на проектот се: Подобрен пристап до правда и правно зајакнување за маргинализираните групи преку континуирано обезбедување на квалитетни правни и параправни сервиси; Зајакнати капацитети на граѓанските организации (ГОи) и релевантните институции на локално и централно ниво за обезбедување на заштита на човековите права; Унапредени политики и практики засновани на докази кои содржат пристапи засновани на човекови права и во согласност со потребите на маргинализираните заедници.

Проектот се имплементира преку неколку групи проектни интервенции кои опфаќаат: Обезбедување на квалитетни правни и параправни услуги за унапредување на правата од здравствена и социјална заштита и други човекови права за маргинализираните заедници; Активности за правно зајакнување на таргетираните маргинализирани заедници за самозастапување во  остварувањето на правата; Активности за видливост на проектот; Градење капацитети на ГОи и претставници на релевантни институции на национално и локално ниво за унапредување на нивните услуги; Документирање на случаи на прекршени права на припадниците на маргинализираните заедници; Набљудување на имплементацијата на Законот за бесплатна правна помош; Активности за застапување за имплементација на заложбите за пристап до правда опфатени во четвртиот НАП за Отворено Владино Партнерство (2018-2020) и за вклучување на одржливата цел 16.3 во националното законодавство.

Работни задачи и обврски

Во рамките на проектот ќе биде ангажиран еден (1) консултант/ка. Главна задача е изработка на методологија за следење на имплементацијата на Законот за бесплатна правна помош. Специфични работни задачи се:

Работните обврски се:

Временска рамка

Активностите ќе се имплементираат во три дела во периодот април 2020 – мај 2021 и тоа:

Задача Краен рок за изработка
Изработка на методологија и подготовка на алатки Април 2020 година
Анализа на прибрани податоци Април 2021 година
Подготовка на Извештај Мај 2021 година

 

Потребни квалификации

Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати/ки потребно е да достават кратка биографија (CV) со релевантни референци и линкови од претходно изработени извештаи и анализи, план за спроведување на активности и финансиска понуда во денари со вклучен персонален данок, на e-mail a2j@fosm.mk со назнака „Повик за консултант/ка“, најдоцна до 16.03.2020 година до 16:00 часот.

Непотполните и ненавремените пријави нема да бидат разгледани.

Сите пријавени кандидати/ки ќе бидат известени за избраниот/та консултант/ка.

E-mail адреса за контакт: a2j@fosm.mk

                                    
            

—————————————————

5 март 2020