Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

„Фондација Отворено Општество – Македонија“ и „Евротинк – Центар за европски стратегии“, во рамки на проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформа на јавната администрација од страна на граѓанските организации“ кој е поддржан од Европската Унија, ги покануваат сите новинари кои се занимаваат со истражувачко новинарство, да изразат интерес за изработка на истражувачки стории на тема РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА.

Ќе бидат избрани четири стории кои заеднички ќе бидат публикувани во рамки на Четвртиот извештај за степенот на имплементација на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022.

Пријавувањето вклучува избор на една од наведените области за која новинарот треба да достави разработен истражувачки концепт во кој ќе ја образложи темата која има интерес да ја истражува. Истражувачкиот концепт не треба да е подолг од 500-700 збора. Областите се:

1. Креирање на политики и координација;

2. Јавна служба и управување со човечки ресурси;

3. Одговорност, отчетност и транспарентност; и

4. Јавни услуги и ИКТ поддршка на администрацијата.

Критериуми за избор се: релевантност на темата, изводливост на истражувањето, истражувачки пристап и искуство на новинарот.

Избраните кандидати ќе добијат еднократен бруто надоместок во износ од 380 евра.

Рокот за изработка на сториите е до 19.06.2019 година.

Новинарот го задржува правото да ја објави сторијата на сопствениот медиум.

Новинарот ги задржува авторските права врз делото.

Доколку сте заинтересирани, можете да го пријавите истражувачкиот концепт заедно со кратка биографија на caft@fosm.mk најдоцна до 05.06.2019 година (среда), со наслов „ГАТ Истражувачки стории“, а во содржината на пораката задолжително наведете за која област се пријавувате. Само успешните кандидати ќе бидат контактирани најдоцна до 07.06.2019 година.

                                    
            

—————————————————

12 јуни 2019