Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Фондацијата Отворено општество – Македонија објавува повик за доставување понуди за продукција на хибриден настан „30 години Фондации Отворено општество на Балканот – Македонија“. Подетални информации во врска со точните барања ќе најдете во документот ПРИЛОГ 1 во целосниот повик подолу и истите ќе претставуваат упатство за изработката на понудата.

Понудувачите кои се заинтересирани за учество во повикот, ќе треба да изразат интерес најдоцна до 3.2.2021, до 16:00 часот, на следнава електронска адреса: ana.andreeva@fosm.mk. Дополнително појаснување за понудувачите кои ќе изразат интерес за учество ќе се одвива по електронски пат на горенаведената електронска адреса во период од 3-5.2.2021.

Официјалната понуда со вклучени задолжителни документи треба да е доставена најдоцна до 19.2.2021, во затворен и запечатен коверт на кој пишува „ПОНУДА ЗА ХИБРИДЕН НАСТАН. НЕ ОТВOРАЈ!”, испратен исклучиво по пошта на следнава адреса.

Фондација Отворено Општество – Македонија

Бул. Јане Сандански бр. 111, 3-ти спрат

1000 Скопје, Р. Македонија

Поштенски фах: 378

Сите понуди кои ќе стигнат по истекот на зададениот рок, нема да се земат предвид и нема да се разгледуваат. Валиден датум на доставување на понудата ќе се смета датумот на испраќање по пошта, не и датумот на пристигање.

Сите понуди ќе се разгледуваат и оценуваат врз основа на потполноста на информациите кои се побаруваат и врз основа на критериумите за евалуација објаснети во описот на барањето за понуда.

Сите предлози и понудата треба да се на македонски јазик.

Понудата треба да има валидност од минимум 120 дена.

 

ОПИС НА ПОВИКОТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

 

Краток опис на повикот Продукција (осмислување и реализација) на хибриден настан со цел приказ на ангажманите на ФООМ во и во врска со кризите кои ги означиле последниве 30 години
Детален опис на повикот ПРИЛОГ 1
Задолжителни документи 1.     Компаниско претставување со посебен осврт на изработени документарни филмови / прилози / емисии

2.     Предложен тим за работа со вклучени биографии / портфолија

a.     Режисер

b.     Сценарист

c.     Камерман

3.     Концепт/креативен предлог за продукција на хибриден настан (подетално во Прилог 1)

4.     Предлог буџет изразен во денари со вклучен ДДВ

 

Сите документи треба да се достават во електронска форма (на USB), додека пак концептот за продукција на  хибридниот настан (3) – концепт, синопсис итн. и буџетот (5) треба да се достават и во печатена верзија.

 

Рок за изразување интерес за учество 3.2.2021
Рок за достава на задолжителни документи 19.2.2021
Временски период за продукција 1 Март – 15 Мај 2021
Критериуми за евалуација Креативен концепт / синопсис – 60%

Финансиска понуда – 10%

Предложен тим за работа – 30%

Валидност на понудата Минимум 120 дена

Целосниот повик ќе го најдете во дополнителните документи подолу.

                        
Дополнителни документи :
Целосен повик за доставување на понуди за продукција на хибриден настан
Темплејт буџет

—————————————————

27 јануари 2021