Фондацијата Отворено општество – Македонија објавува повик за доставување понуди за изработка на промотивна медиумска кампања во рамки на проектот „Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование“, финасиран од Европската Унија. Деталните информации во врска со точните барања се наоѓаат подолу во документот и истите ќе претставуваат упатство за изработката на понудата.
Сите дополнителни прашања во функција на појаснување на барањето за понуда, заинтересираните може да ги испратат најдоцна до 2.7.2020 до 12:00 часот на следниве електронски адреси: ana.andreeva@fosm.mk; sunchica.kostovska@fosm.mk
Официјалната понуда со вклучени задолжителни документи треба да е доставена најдоцна до 16.7.2020, до 00:00 часот, во затворен и запечатен коверт на кој пишува „ПОНУДА ЗА МЕДИУМСКА КАМПАЊА. НЕ ОТВОРАЈ!” по пошта на следнава адреса:
Фондација Отворено општество – Македонија
Бул. Јане Сандански бр. 111
1000 Скопје, Р. Македонија
Информација за доставена понуда по пошта треба да се испрати на е-мејл на следниве електронски адреси: ana.andreeva@fosm.mk; sunchica.kostovska@fosm.mk.
Сите понуди кои ќе стигнат по истекот на зададениот рок, нема да се земат предвид и нема да се разгледуваат. Сите понуди ќе се разгледуваат и оценуваат врз основа на потполноста на информациите кои се побаруваат и врз основа на критериумите за евалуација објаснети во описот на барањето за понуда. Сите предлози и понудата треба да се на македонски јазик.
Понудата треба да има валидност од минимум 120 дена.
ОПИС НА ПОВИКОТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
Краток опис на повикот | Изработка и имплементација на интегрирана промотивна медиумска кампања, вклучувајќи изработка и имплементација на комуникациска стратегија и медиумски закуп базиран на комуникациската стратегија. |
Задолжителни документи |
|
Дополнителни прашања и појаснувања | Најдоцна до 2.7.2020 до 12:00 |
Рок за достава на задолжителни документи | 16.7.2020 до 00:00 |
Критериуми за евалуација | Комуникациска стратегија, слоган, ТВ спот – 60%
Финансиска понуда – 30% Компаниска експертиза / искуство – 10% |
Валидност на понудата | Минимум 120 дена |
Целосниот текст на повикот како и темплејт буџетот можете да ги најдете во дополнителните документи подолу.
—————————————————
25 јуни 2020