Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram
ПОВИК за доделување грантови на локални граѓански организации и/или мрежи ангажирани во надгледување и застапување на политиките и практиките на локалните власти во Битола, Тетово и Штип во областите заштита на животната средина, трошењето на јавните пари и урбанистичко планирање
Концепт Партнерства во заедниците за унапредување на локалната демократија

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во рамки на концептот Партнерства во заедниците за унапредување на локалната демократија обезбедува поддршка на заедничките напори на локалните граѓански актери да  предизвикаат системски промени во однос на заштитата на животната средина, урбанистичкото планирање и трошењето на јавните пари во три општини (Битола, Тетово и Штип).

Поединечни цели на концептот се:
– Да се зајакнат обесправените заедници да се вклучат во консултативни процеси во нивните локални средини за дизајнирање решенија во политиките  кои ги рефлектираат нивните приоритетни потреби.
– Да се поддржат интензивираните заеднички напори на граѓанските актери за надгледување и застапување кои имаат за цел подобрување на квалитетот на политиките и практиките во областите заштита на животната средина, урбанистичко планирање и трошење на јавните пари.

ФООМ го објавува овој повик за доделување грантови со цел да ги поддржи локалните граѓански организации и/или мрежи од овие три региони кои имаат искуство во надгледување на властите и застапување за промена на политики кое е засновано на истражувања во спомнатите области.

Овие грантови се наменети за проекти кои презентираат нови податоци во јавност, ги прошируваат постоечките извори на податоци или додаваат нови, ги подобруваат корисноста и интерактивноста на податоците преку зголемување на нивната видливост, разбирливост и достапност за граѓаните и за креаторите на политиките и поттикнуваат акции за застапување за подобрување на јавните политики. Во рамки на грантовите се очекува граѓанските организации низ активностите за застапување да обезбедат ефикасно комуницирање на анализите и извештаите со засегнатите страни, и успешно да ги мобилизираат граѓаните во јавните процеси за промена на политики и практики преку натамошно користење на податоците. При дизајнирањето на застапувачките активности, организациите се поттикнуваат да користат и други релевантни постоечки анализи, истражувања и извештаи, без разлика дали истите се подготвени од подносителите на апликацијата или од други извори.

Предност при изборот ќе имаат иновативни и креативни проекти кои ги промовираат вредностите на отвореното општество, покажуваат посветеност кон активно вклучување на граѓаните и имаат потенцијал за постигнување видливо влијание, како и добро осмислени комуникациски стратегии. Проектите треба да промовираат интегративен пристап со фокус на заедниците, родот и лицата со посебни потреби.

Максимален износ на секој поединечен грант не може да надмине повеќе од 7.000 американски долари, а времетраењето на предвидените активности да биде за период од најмногу 6 (шест) месеци по потпишувањето на договорот за грант.

  • Примери на активности кои може да бидат поддржани:
  •  Разработена нова иновативна методологија за спроведување на надгледување на конкретните политики;
  •  Интензивирано и фокусирано надгледување на процесите на донесување одлуки и на спроведувањето на политиките и практиките при трошењето на јавните пари (финансиските и буџетските практики на институциите на локалните власти, вклучително и набавките);
    – Интензивирано и фокусирано надгледување на процесите на донесување одлуки и на спроведувањето на политиките и практиките во областа на заштита на животната средина);
    – Интензивирано и фокусирано надгледување на процесите на донесување одлуки и на спроведувањето на политиките и практиките во урбанистичкото планирање;
    – Изработка и презентација на анализа/извештај во која се претставени клучните наоди од спроведените надгледување и/или истражувачки активности;
    – Проширување на информираноста на јавноста за опциите во јавните политики и влијанието на политиките врз одредена заедница или целна група;
    – Изработка и спроведување на иновативни стратегии за комуницирање со јавноста и за застапување за подобрување на политиките, како на пример изработка на промотивни изданија (билтени, брошури, инфографици, видеа и сл.), јавни дискусии и настани за мобилизирање на граѓанските организации и пошироката заедница во акции за застапување итн.;
    – Користење на новите медиуми, онлајн алатки и иновативни креативни методи за да се зголеми свесноста и да се обезбеди поддршка за одредено прашање;
Повикот е отворен за сите граѓански организации кои:
– Се регистрирани како здруженија и фондации согласно Законот за здруженија и фондации;
– Имаат активен статус во Централен регистар;
– Поднеле комплетна апликација и придружни документи;
– Поднеле апликација до утврдениот краен рок;
– Побарале финансиски средства во висина до 7.000 американски долари;Секој предлог-проект треба да биде поднесен на апликација за пријавување достапен на линк подолу во објавата, вклучувајќи ги сите потребни прилози наведени на првата страница на апликацијата за пријавување. Задолжителен прилог на апликацијата е и куса информација (најмногу две страници) за два успешно реализирани проекти за спроведено надгледување и застапување на јавни политики на локалната самоуправа во период од последните три години. Апликацијата за пријавување треба да биде целосно пополнета, со користење фонт Calibri, големина 11. Апликациите, заедно со дополнителните документи, треба да се поднесат електронски, и тоа и во word и во pdf формат, на следнава адреса: solunka.zoksimovska@fosm.mk. Задолжително, насловот на пораката треба да содржи Име на организација – наслов на проект.Рокот за поднесување апликации е 25 јуни 2019 година до 16.00 часот (одлуките се очекуваат во првата половина на јули 2019).Во текот на процесот на оценување, ФООМ може да побара дополнителни информации за предлог-проектот коишто смета дека се потребни за завршување на оценувањето. Барањето дополнителни информации не подразбира дека предлог-проектот ќе биде поддржан. Организациите кои поднеле апликации по повикот ќе бидат известени со писма за одобрување, односно одбивање на предлог-проектите. Листата на избраните проекти ќе биде објавена и на веб-страницата fosm.mk, како и на социјалните мрежи на ФООМ.Доколку имате прашања, поставете ги на solunka.zoksimovska@fosm.mk и adrijana.lavchiska@fosm.mk најдоцна пет дена пред истекот на крајниот рок за поднесување апликации.

                        
                
Погледнете:
Резултати од конкурсот

—————————————————

12 јуни 2019