Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram
  1. ЗА ПРОЕКТОТ ГРАЃАНСКА АЛИЈАНСА ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ
    Оваа шема на ре-грантирањее дел од проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации”, имплементиран од „Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ)“и „Евротинк – Центар за европски стратегии“,  а финансиски поддржан од Европската унија во рамки на IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015.
    Вкупната вредност на проектот изнесува 333.333 евра.Општа цел на проектот е јакнење на влијанието на граѓанското општество во процесите на креирање на јавните политики. Се очекува проектот да придонесе кон (i) унапредување на капацитетите на граѓанските организации за спроведување мониторинг базиран на докази на процесот на реформата на јавната администрација и (ii) да овозможи простор за соработка на граѓанските организации во нивните застапувачки активности за подобрување на политиките поврзани со реформата на јавната администрација.2. ЗА ШЕМАТА НА РЕ-ГРАНТИРАЊЕ
    Со шемата за ре-грантирање, повикот цели да придонесе кон:
    • Унапредување на знаењето и вклученоста во процесите врзани со реформа на јавната администрација;
    • Креирање на овозможувачка средина за граѓанскиот сектор;
    • Овозможување на граѓанските организации ефективно да учествуваат во консултативните процеси преку зајакнување на нивните капацитети за спроведување на мониторинг базиран на докази, разбирање на реформите на јавната администрација и реализација на активности за застапување;
    • Унапредување на дијалогот помеѓу носителите на одлуки и граѓанскиот сектор.Шемата на ре-грантирање е реализирана преку 2 повици за доделување на мали грантови на граѓански организации, во вкупна вредност од 100.000 евра. Првиот повик беше распишан и имплементиран во текот на 2017 година, додека вториот повик е даден во прилог. Во рамки на вториот повик, од 5 до 9 грантови ќе бидат доделени, во висина од 7.000 до 9.000 евра. Вкупната сума на доделени средства на овој повик не може да изнесува повеќе од 50.000 евра.

    3. ЗА ВТОРИОТ ПОВИК ВО РАМКИ НА ШЕМАТА ЗА РЕ-ГРАНТИРАЊЕ

    Тематскиот приоритет за вториот повик од шемата на ре-грантирање е поддршка за граѓанските организации во спроведување на мониторинг активности врз јавните институции и квалитетот на јавните услуги на локално ниво. Предложените проекти треба да се во доменот на следните фокус области, како дел од процесот реформата на јавната администрација:

    3.1. Обезбедувањето на јавните услуги на локално ниво;
    3.2. Имплементацијата на Е-услугите на локално ниво;
    3.3. Спречувањето на корупцијата кај јавните институции на локално ниво;
    3.4. Спроведувањето на децентрализацијата, особено во делот обезбедувањтое на  јавните услуги на локално ниво;

Листата која е подолу наведена има за цел да даде индикативни акции кои може да бидат поддржани од донаторот. Оваа листа не исклучува, односно не ограничува и ќе бидат подржани и акции кои се надвор од неа. Листата на индикативни актции има за цел единствено да ги доближи фокус областите наведени во повикот.

Индикативната листа на акции вклучува, но не се ограничува само на следните:
• Мониторинг и/или истражување на исполнување на  начелото стручна, професионална и департизирана локална администрација (под пример: мониторинг на вработувањата во некоја општина, капацитетите на комисиите за избор, транспарентноста на постапките при вработување, почитување на начелото на правична застапеност на заедниците во една или повеќе општина при вработувањето итн. );
• Мониторинг и/или истражување на транспарентност отчетност и одговорност  на локално ниво (под пример: достапност на информации, остварување на правото на слободен пристап на информации од јавен карактер на локално ниво во една или повеќе општини);
• Мониторинг и/или истражување на обезбедување и заштита на правата на граѓаните при обезбедување на услугите на локално ниво и задоволство на граѓаните од услугите;
• Мониторинг и/или истражување на  управување со човечки ресурси на локално ниво (под пример: унапредување на вработените, правична застапеност во една или повеќе општини);
• Мониторинг и/или истражување на извршување на буџет во една или повеќе општини;
• Мерење или мониторинг на фискална транспарентност во една или повеќе општини;
• Мониторинг и/или истражување на ефикасноста на локалната самоуправа, итн.

Напомена: Во предлог – проектите задолжително е да бидат вклучени активности од следниов тип:
• Разработка на методологија за реализација на истражувачки мониторинг активности;
• Изработка на минимум една анализа/извештај во која се претставени клучните наоди од спроведените истражувачки монторинг активности;
• Изработка на комуникациски план за промоција на проектните активности, вклучително и промоција на мониторинг анализата/извештајот.

Период на реализација на активностите е јуни 2018 – јануари 2019 (8 месеци).

Успешните апликанти се обврзуваат да се вклучат и во други активности, дел од проектот како целина, организирани и спроведени од  ФООМ и ЕВРОТИНК, односно:
• Да земат учество во заеднички настан за промоција на грантистите;
• Да земат учество во проценка на капацитетите на организацијата;
• Да земат учество во серија на обуки за јакнење на капацитетите и знаењата;
• Да подлежат на менторство за време на спроведување на проектните активности;
• Да присуствуваат на координативни средби организирани од донаторот.

Напомена: Овие активности не е потребно да се разработуваат во предлог-проектите со кои се аплицира за оваа грантова шема.

  1. КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА ВО ПОВИКОТ?Повикот е отворен за сите граѓански организации кои:
    • Се регистрирани како здруженија или форми на здружување согласно Законот за здруженија и фондации;
    • Имаат активен статус во Централен регистар;
    • Поднеле комплетна апликација и придружни документи;
    • Поднеле апликација до утврдениот краен рок;
    • Побарале финансиски средства во висина од 7.000 до 9.000 евра.Пријавата мора да биде во согласност со сите критериуми, со цел истата да премине во фазата на оценување. Пријавите кои не ги исполнуваат овие услови нема да бидат предмет на разгледување во наредната фаза, и истите ќе бидат одбиени.
  2. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Сите пријави што биле позитивно оценети во фазата на првично оценување ќе бидат презентирани пред Комисијата за селекција.  Во своето одлучување, Комисијата предност ќе даде на креативни апликации со потенцијал за долгорочна одржливост. Поконкретно, следните критериуми за избор ќе бидат применети при одлучувањето:

  1. Технички пристап– (max. 60 поени)

1.1. Релевантност на прашањето или потребата која е адресирана
(од Образецот за пријавување: прашање III.2, III.3, III.5) – (max. 30 поени)

1.2. Квалитет на предложените активности
(од Образецот за пријавување: прашање III.6, III.7, III.8) – (max. 15 поени)

1.3. Активности ориентирани кон резултати
(од Образецот за пријавување: прашање III.4, III.9 и Прилог 4 Индикатори за мерење на напредок на проектот) – (max. 15 поени)

  1. Организациски капацитети и претходно релевантно искуство – (max. 20 поени)

2.1. Административни, финансиски и менаџмент капацитети
(од Образецот за пријавување: прашање V.1,V.2,V.4,V.5) – (max. 10 поени)

2.2. Претходно релевантно искуство и постигнати резултати во области блиски до темата
(од Образецот за пријавување: прашање V.3) – (max. 10 поени)

  1. Финансиско планирање на проектот – (max. 20 поени)

3.1. Исплатливост на буџетот
(Прилог 2 Буџет) – (max. 10 поени)

3.2. Соодветни капацитети за финансиски менаџмент
(од Образецот за пријавување Прашање IV и Прилог 2 Буџет) – (max. 10 поени)

Во текот на процесот на оценување, донаторот може да побара дополнителни информации од подносителот на пријавата за предлог-проектот или за организацијата, коишто смета дека се потребни за завршување на оценувањето. Барањето дополнителни информации не подразбира дека истите ќе бидат или нема да бидат поддржани.

До пријавените организации ќе бидат испратени писма за одобрување, односно одбивање на предлог-проектите, најдоцна до 11.06.2018 (понеделник).

Листата на избраните организации ќе биде објавена и на веб страните www.fosm.mk и mcet.org.mk.

  1. ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавата за овој повик се состои од:

  1. Образецот за пријавување (Прилог 1);
    2. Образец за предлог – буџет (Прилог 2);
    3. Временска рамка (Прилог 3);
    4. Индикатори за мерење на напредокот на проектот (Прилог 4);
    5. Дополнителни прилози:
    5.1. Тековна состојба од Централен регистар, не постара од една година;
    5.2. Работни биографии на проектниот тим;
    5.3 Годишен извештај за работа и финансиски извештај, за претходната година. Доколку организацијата согласно член 18 од Закон за сметководството на непрофитните организации не е должна да изработи финансиски извештај, истата  е потребно е да достави само известување. Во случај доколку не е помината една година од денот на регистрација, организацијата не е должна да достави годишен извештај за работа
    .

Во прилог Ви доставуваме и Упатство за буџетирање.

За целосно поднесена пријава ќе се смета онаа вклучува целосно пополнет образец за пријавување на проектот (Прилог 1), образец за предлог-буџет (Прилог 2), времската рамка (Прилог 3), индикатори за мерење на напредокот на проектот (Прилог 4) и сите дополнителни прилози.

Образецот за пријавување (Прилог 1) треба да биде целосно пополнет. За пополнување на пријавата се користи фонт Calibri, големина 11.

При пополнување на Образецот за предлог буџет (Прилог 2) потребно е да се води сметка за правилата дадени во Упатството за буџетирање и за тоа дека во соработка со ФООМ и ЕВРОТИНК сите избрани грантисти самостојно ќе спроведат постапка за ослободување од ДДВ по основ на странска донација во Секретеријатот за европски прашања (СЕП).

Комплетните пријави мора да бидат поднесени во оригинал на македонски јазик со овластен потпис и печат во еден примерок. Во прилог на документите, треба да се поднесе и ЦД или УСБ со електронската верзија на сите документи. Печатената и електронската верзија на документите треба да бидат идентични.  Доколку не се, за автентична ќе се смета печатената верзија.

Комплетната пријава мора да се поднесе во еден примерок, во едно затворено плико, обележано со наслов Повикот за доделување грантови во рамки на проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации”, името на организацијата, како и наведено „не отворај“.

Пријавите се доставуваат најдоцна до 16.00 часот, 18.05.2018 (петок) во просториите на ФООМ, на следната адреса:

Бул. „Јане Сандански“ 111
Скопје
тел. (02) 2444488

Пријавите може да бидат испратени и пo курирска служба, но да бидат испорачани на рака најдоцна до 16.00 часот, на 18.05.2018 (петок) во просториите на ФООМ на адресата дадена погоре. За пријавите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адресата на ФООМ, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.

Евентуални прашања во врска со повикот можат да бидат поставени исклучиво по писмен пат на e-mail: marija.mirchevska@fosm.mk или на информативната средба за која што деталите се во прилог.

  1. ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА

ФООМ и ЕВРОТИНК ќе организираат повеќе информативни средби во повеќе градови низ земјата (Скопје, Битола, Штип, Тетово и Охрид) за заинтересираните кандидати на овој повик. За времето и местото на одржување на средбите дополнително ќе бидете известени

                                    
            

—————————————————

18 мај 2018