- Објавa број: FOSM/ADM/211210 F
- Финансирање: Фондација Отворено општество-Македонија
- Нарачател: Фондација Oтворено општество – Македонија (ФООМ) за опремување на сопствените канцеларии
- Корисници на мебелот: ФООМ
ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА
- Опис на набавката:
Предмет на набавката е испорака (набавка и/или изработка), монтажа, одржување во и вон гарантен рок и сервис обезбеден од страна на понудувачот на канцелариски мебел даден во две целини.
- Име на целината (комплетната документација се добива согласно Точка 15.)
Целина 1: Готов канцелариски мебел
Целина 2: Канцелариски мебел изработен по нарачка
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
- Подобност и правила на потекло
Понудувачи можат да бидат производители и трговски фирми од Република Македонија и од странство кои целосно, квалитетно и навремено ги имаат исполнето евентуалните поранешни обврски кон ФООМ. За Целина 2 ќе се прифаќаат понуди од фирми кои имаат сопствен погон за производство на мебел, или од трговска фирма во конзорциум со фирма производител.
Потекло на производите и националноста на добавувачот: Канцелариската опрема треба да биде комплетирана во Република Северна Македонија, нема ограничувања врзани со националноста на понудувачот, добавувачот и потеклото на производите предмет на понудата, но производите на фирми со седиште од Европска Унија и производи произведени во ЕУ имаат предност. Седиштето на производителот ќе се докажува со официјална писмена изјава, а земја на производство со сертификат на евентуално барање на ФООМ.
- Основа за исклучување
Понудувачите мора да обезбедат изјава дека не се во ситуација наведена во првиот дел на Точка 7. (се содржи во Тендерскиот образец) .
- Број на понуди
Еден понудувач може да даде само целосна понуда за целината. Секоја целина е предмет на еден договор и спецификацијата дадена во неа е неделива. Понудувачот е должен да ги понуди сите ставки на зададената целина. Во ниеден случај некомплетни понуди за поедина целинa нема да бидат разгледувани.
- Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција)
Понудувачите НЕ ТРЕБА да достават Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција).
На успешниот понудувач ќе му биде побарано да обезбеди Гаранција за добро извршување на работите во вредност од 10% од вредноста на договорот изразена во МКД. Истата (со текст како што е даден во примерот) мора да биде доставена најдоцна 10 дена откако понудувачот ќе го прими потпишаниот договор од страна на Нарачателот. Ако понудувачот не го направи тоа во овој период тогаш договорот ќе биде поништен, а постапката ќе биде повторена со следниот најповолен понудувач. Оваа гаранција нема да се бара од оние понудувачи кои ќе бараат плаќање по целосно извршени работи и извршен технички прием или кои нема да бараат авансно плаќање поголемо од 20% за Целина 1 или 40% за Целина 2, ниту пак доплата од најмногу 80% од вредноста на набавката при комплетен комисиски прием на мебелот во магацинот на понудувачот.
- Валидност на понудата
Понудите мора да останат валидни 150 дена по крајниот рок за поднесување на истите.
- Краен рок на извршување
Просториите на ФООМ се во процес на адаптација која ќе трае до март-април 2022 г.
КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ
- Бодување и критериуми
За Целина 1:
- 65 % (од вкупните бодови) = Цена.
- 5 % (од вкупните бодови) = Потекло на производителот и земја на производство на составните делови на мебелот
- 25 % (од вкупните бодови) = Начин на плаќање и рок на испорака и монтажа на опремата.
- 5 % (од вкупните бодови) = Референци на производителот и понудувачот во РСМ
КОНКУРИРАЊЕ
- Како да ја набавите комплетната документација
Комплетната документација ќе ја добиете со превземање од www.fosm.mk .
Сите прашања во врска со тендерот треба да се испраќаат исклучиво по писмен пат на адреса на ФООМ, по електронска пошта на: vanco.dzambaski@fosm.mk (со наведување на бројот на објавата од Точка 1), најдоцна 3 дена пред истек на крајниот рок за поднесување понуди даден во Точка 16. ФООМ ќе одговори на прашањата на ист начин, најдоцна 2 денa пред истиот рок.
- Краен рок за поднесување на понудите
Заинтересираните понудувачи своите понуди (ЕДЕН ОРИГИНАЛ НА ХАРТИЈА) треба да ги достават во затворен и запечатен коверт со напомена “Понуда бр. FOSM/ADM/211210 F “, на рака или по курирска пошта на следнава адреса:
ФООМ, “Јане Сандански” 111, 3-ти спрат, 1000 Скопје, Република Македонија
За понудите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адреса на ФООМ, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.
Краен датум за достава на понудите: петок, 10.12.2021 год., најдоцна до 13.00 часот. Понудите добиени по назначениот рок нема да бидат земени предвид.
- Јавно отвoрање на понудите
Јавно отварање на понудите нема да има!
—————————————————
29 ноември 2021