Краен рок за поднесување: 18 мај 2018 година (петок), до 16:00 часот
- За концептот Граѓанското општество креира јавни политики
Концептот Граѓанското општество креира јавни политики обезбедува финансиска поддршка за заеднички акции на здруженија и фондации во областите борба против корупција, судство и спречување и заштита од дискриминација (формални и неформални мрежи на здруженија и фондации). Овој Концепт е дизајниран со цел да се создаде средина која му овозможува на граѓанското општество ефективно да ги креира јавните политики кои се однесуваат на напредокот на процесот на пристапување во Европската Унија.
Специфични цели на концептот Граѓанското општество креира јавни политики се: 1) Поддршка на граѓанските организации за пристап до партиципативни процеси за креирање јавни политики; 2) Тестирање на транспарентноста на институциите преку барање проактивно објавување на информациите од јавен карактер како предуслов за информирано учество на граѓанските организации во креирањето јавни политики; 3) Поттикнување вмрежување на граѓанските организации за застапување за воспоставување инклузивни механизми за креирање јавни политики. Финансиската поддршка за имплементација на концептот Граѓанското општество креира јавни политики ја обезбедува Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Вкупната вредност на Концептот изнесува 185.000 УСД (американски долари).
- Карактеристики на грантовитеПоддршката која ја обезбедува Фондацијата Отворено општество – Македонија со овие грантови, има за цел: • Вмрежување на здруженијата и фондациите со цел интензивирање на заедничките акции за застапување за воспоставување функционални механизми за структуриран дијалог помеѓу граѓанските организации и Владата за креирање јавни политики;• Вмрежување на здруженијата и фондациите со цел интензивирање на заедничките акции за мониторинг на реформите и застапување за нивно спроведување со цел да ги држат властите одговорни за соодветното спроведување на реформите во областите: борба против корупција, судство и спречување и заштита од дискриминација, а во насока на исполнување на обврските за пристапување во Европската Унија. Ќе се поддржат формални и неформални мрежи за да работат во областите: борба против корупција, судство и спречување и заштита од дискриминација;
• Креирање на овозможувачка средина за граѓанските организации ефективно да учествуваат во консултативните процеси за креирањето на политиките преку зајакнување на нивните капацитети за спроведување на мониторинг базиран на докази, разбирање на обврските за пристапување во Европската Унија и реализација на активности за застапување; и
• Унапредување на дијалогот помеѓу носителите на одлуки, граѓанскитe организации, другите засегнати страни и медиумите што ќе придонесе за информирана јавна дебата за напредокот во однос на пристапувањето во Европската Унија.
Ќе бидат доделени три грантови, и тоа за типови на акции (кои се наведени во листата дадена подолу, но не се ограничува):
1) Еден грант за заедничка акција на здруженија и фондации во областа борба против корупцијата во износ од 25.000 УСД (американски долари) за:
– Акција за мерење на напредокот во однос на спроведување на мерки за зајакнување на независноста на институциите задолжени за спречување и борба против корупцијата;
– Акција за мерење на активноста на институциите задолжени за спречување и борба против корупцијата во спречувањето и сузбивањето на корупцијата;
– Акција за мерење на резултатите во врска со истрагите, обвиненијата и пресудите во случаите на корупција на високо ниво.
2) Еден грант за заедничка акција на здруженија и фондации во областа судство во износ од 25.000 УСД (американски долари) за:
– Акција за мерење на напредокот во однос на усвојувањето и спроведувањето на мерките вклучени во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022), а поврзани со назначување, унапредување, дисциплинска одговорност и разрешување на судиите и обвинителите, како и со ограничувањето од политичко мешање во судството;
– Акција за мерење на напредокот во однос на спроведување на реформите кои се однесуваат на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, со фокус на зајакнување на нивната транспарентност и отчетност;
– Акција за мерење на напредокот во однос на планирање и спроведување на мерки за вклучување на Специјалното јавно обвинителство во системот на обвинителството.
3) Еден грант за заедничка акција на здруженија и фондации во областа спречување и заштита од дискриминација во износ од 25.000 УСД (американски долари)
– Акција за мерење на напредокот во однос на имплементирање на Законот за заштита и спречување од дискриминација, напредокот во однос на усогласувањето на другите закони, како и да го следи унапредувањето на системот за следење на случаите на дискриминација, криминал од омраза и говор на омраза.
Вкупната сума на доделени средства во овој конкурс не може да изнесува повеќе од 75.000 УСД (американски долари).Овој вид грантови за заедничка акција на здруженија и фондации ќе обезбеди поддршка за заеднички развиени акции на минимум три здруженија и/или фондации кои се поврзани во формални или неформални партнерства или коалиции на тематска основа. Грантовите за заеднички акции ќе бидат доделени на здруженија и/или фондации кои се природно поврзани во формални или неформални партнерства и коалиции, кои имаат експертиза во релевантната област за која конкурираат, како и истражувачки и аналитички способности да продуцираат мониторинг базиран на докази и реализација на активности за застапување. Со грантовите ќе бидат поддржани акции со цел интензивирање на заедничките акции за мониторинг на реформите и застапување за нивно спроведување со цел да ги држат властите одговорни за соодветното спроведување на реформите во областите: борба против корупција, судство и спречување и заштита од дискриминација, а во насока на исполнување на обврските за пристапување во Европската Унија. Заедничките акции треба да понудат креативни методи за интеракција со медиумите, што ќе придонесе за информирана јавна дебата за напредокот во однос на пристапувањето во Европската Унија.
Со грантовите се стимулира формирање партнерства и коалиции околу специфичнo прашањe за застапување на национално ниво. Посебен фокус ќе биде ставен на поддршка на процеси кои се инклузивни, вклучуваат поголем број здруженија и фондации, како и други клучни засегнати страни.
Во предлог – проектите неопходно е да бидат вклучени следниов тип активности:
• Разработена методологија за реализација на истражувачки мониторинг активности;
• Изработка на минимум една анализа/извештај во која се претставени клучните наоди од спроведените истражувачки монторинг активности;
• Изработка на план за застапување; и
• Изработка на комуникациски план за промоција на проектните активности, вклучително и промоција на мониторинг анализата/извештајот.
Период на реализација на активностите е јуни 2018 год. – мај 2019 год. (12 месеци).
Успешните апликанти се обврзуваат да се вклучат и во други активности, дел од Концептот како целина, организирани и спроведени од ФООМ и Евротинк, односно: (1) Да земат учество во заеднички настан за промоција на грантистите; (2) Да присуствуваат на координативните средби организирани од донаторот, како и да соработуваат меѓу себе; (3) Да учествуваат во обуките организирани од донаторот за темите кои се предмет на повикот.
Напомена: Овие активности не е потребно да се разработуваат во предлог-проектите со кои се аплицира за оваа грантова шема.
3. Кој може да учествува на повикот?
Повикот е отворен за сите формални и неформални мрежи на здруженија и фондации чие партнерство е суштинско, а улогите и ресурсите меѓу партнерите да бидат јасно и логично распределени, а кои:
• Поднеле комплетна апликација и придружни документи;
• Поднеле апликација до утврдениот краен рок;
• Побарале финансиски средства во висина до 25.000 УСД за областа борба против корупција, до 25.000 УСД за областа судство, односно висина до 25.000 УСД за областа спречување и заштита од дискриминација.
Формалните мрежи на здруженија и фондации потребно е да достават документ за регистрација согласно Законот за здруженија и фондации од Централниот регистар на РМ.
Неформалните мрежи на здруженија и фондации потребно е да достават документ за основање на мрежата (интерен документ, на пример Меморандум за основање на партнерството или коалицијата на тематска основа). Носител на грантот кај неформалните мрежи потребно е да биде едно здружение или една фондација кое задолжително доставува документ за регистрација согласно Законот за здруженија и фондации од Централниот регистар на РМ.
Пријавата мора да биде во согласност со сите критериуми, со цел истата да премине во фазата на оценување. Пријавите кои не ги исполнуваат овие услови ќе бидат одбиени.
4. Критериуми за избор
Сите пријави што биле позитивно оценети во фазата на првично оценување ќе бидат презентирани пред Комисијата за избор составена од Управниот одбор на ФООМ. Во своето одлучување, Комисијата предност ќе даде на креативни апликации со потенцијал за долгорочна одржливост. Поконкретно, следните критериуми за избор ќе бидат применети при одлучувањето:
- Технички пристап– (max. 60 поени)
– Релевантност на потребите и прашањата што се опфатени – (max. 30 поени)
– Квалитет на предложените активности – (max. 15 поени)
– Активности ориентирани кон резултати – (max. 15 поени)2. Капацитети и искуство на вклучените здруженија и фондации – (max. 20 поени)
– Капацитети на мрежата/коалицијата и вклучените организации за адресирање на проблемот – (max. 10 поени)
– Релевантни искуства и резултати во слични области на вклучените организации – (max. 10 поени) - Предлог-буџет– (max.20 поени)
– Рационалност на буџетот и соодветна распределеност меѓу партнерите – (max. 10 поени)
– Административни, финансиски и менаџерски капацитети на организацијата-носител на проектот – (max. 10 поени)
Во текот на процесот на оценување, ФООМ може да побара дополнителни информации од подносителот на пријавата за предлог-проектот или за носителот на апликацијата, коишто смета дека се потребни за завршување на оценувањето. Барањето дополнителни информации не подразбира дека истите ќе бидат или нема да бидат поддржани.
До пријавените организации ќе бидат испратени писма за одобрување, односно одбивање на предлог-проектите, најдоцна до 11.06.2017 (понеделник). Организациите чии предлог-проекти ќе бидат одобрени ќе добијат Договор за грант во кој се наведени правните обврски на грантистот.
Листата на избраните организации ќе биде објавена и на веб страната www.fosm.mk.
- Финансирање од други извори
Финансирање од други извори е пожелно, но не е задолжително за овој конкурс. Формалните и неформалните мрежи на здруженија и фондации кои се пријавуваат на конкурсот се охрабруваат да обезбедат учество во покривање на трошоците од сопствени средства, како финансиско учество кое е неопходно за постигнување на резултатите од проектот и кое може да се потврди со документи. Финансирање од други проекти финансирани од Фондацијата Отворено општество – Македонија нема да се смета за финансирање од други извори.
- Поднесување на пријавите
За целосно поднесена пријава ќе се смета само онаа која вклучува:
- Образецот за пријавување (Прилог 1);2. Образец за предлог – буџет (Прилог 2);3. Временска рамка (Прилог 3);4. Индикатори за мерење на напредокот на проектот (Прилог 4);
5. Дополнителни задолжителни прилози:
5.1. Тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија, не постара од една година од апликантот, како и од членките на неформалната мрежа на здруженија и фондации;
5.2. Работни биографии на персоналот вклучен во проектот;
5.3. Годишен извештај за работа и финансиски извештај, за претходната година за подносителот на пријавата ако е регистриран повеќе од една година (доколку нема вакви извештаи организацијата треба да достави изјава за причините);
5.4. Документ за регистрација согласно Законот за здруженија и фондации од Централниот регистар на РМ за формалните мрежи на здруженија и фондации. А за неформалните мрежи на здруженија и фондации документ за основање на мрежата (интерен документ, на пример Меморандум за основање на партнерството или коалицијата на тематска основа) и документ за регистрација согласно Законот за здруженија и фондации од Централниот регистар на РМ за носителот на грантот (апликантот);
5.5. Основни информации за партнерските организации (Прилог 5);
5.6. Писма за преземање обврска од партнерите во проектот;
5.7. ЦД или УСБ со електронската верзија на сите документи
.
Во прилог Ви доставуваме и Упатство за буџетирање.
За целосно поднесена пријава ќе се смета онаа вклучува целосно пополнет образец за пријавување на проектот (Прилог 1), образец за предлог-буџет (Прилог 2), времската рамка (Прилог 3), индикатори за мерење на напредокот на проектот (Прилог 4) и сите дополнителни прилози наведени во точката 5 (од 5.1 до 5.7).
Образецот за пријавување (Прилог 1) треба да биде целосно пополнет на македонски јазик. За пополнување на пријавата се користи фонт Calibri, големина 11.
При пополнување на Образецот за предлог буџет (Прилог 2) потребно е да се води сметка за правилата дадени во Упатството за буџетирање.
Предлог проектите чие спроведување се засновува на соработка со јавни институции треба да поднесат и документ за согласност за соработка потпишан од страна на соодветната институција.
Комплетните пријави мора да бидат поднесени во оригинал на македонски јазик со овластен потпис и печат во еден примерок. Во прилог на документите, треба да се поднесе и ЦД или УСБ со електронската верзија на сите документи.Печатената и електронската верзија на документите треба да бидат идентични.
Комплетната пријава мора да се поднесе во еден примерок, во едно затворено плико, обележано со наслов Конкурс за доделување грантови за заеднички акции на здруженија и фондации во областите борба против корупција, судство и медиуми (формални и неформални мрежи на здруженија и фондации) во рамки на концептот Граѓанското општество креира јавни политики, името на организацијата, како и да е наведено „не отворај“.
Пријавите се доставуваат најдоцна до 16.00 часот, 18.05.2018 год. (петок) во просториите на ФООМ, на следната адреса:
Фондација Отворено општество – Македонија
Бул. „Јане Сандански“ 111
Скопје
тел. (02) 2444488
Пријавите може да бидат испратени и пo курирска служба, но да бидат испорачани на рака најдоцна до 16.00 часот, на 18.05.2018 год. (петок) во просториите на ФООМ на адресата дадена погоре. За пријавите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адресата на ФООМ, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.
Материјалите за пријавување се достапни на www.fosm.mk.
Евентуални прашања во врска со повикот можат да бидат поставени исклучиво по писмен пат на e-mail: dance.danilovska@fosm.mk или kire.milovski@fosm.mk.
—————————————————
18 мај 2018