ЦЕЛ НА КОНКУРСОТ
Целта на овој конкурс е да се слушнат мислењата на средношколците за квалитетот на образованието како и нивните идеи за негово подобрување.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
– Конкурсот е отворен за сите средношколци од државните средни училишта во Република Македонија кои сакаат на креативен начин да ги споделат своите ставови и видувања за прашања од нивен интерес во образованието;
– Средношколците треба да се пријават индивидуално со најмногу две дела на некоја од темите дадени подолу;
– Средношколците може сами да го изберат форматот/медиумот преку кој ќе се изразат. Предлог идеи за дела се: есеј, фотографија, фото-приказна, стрип, цртеж, видео, аматерски снимена музичка творба (песна), карикатура итн.
ТЕМИ
1. Моето идеално училиште
2. Мојот идеален наставник/наставничка
3. Почитуван Министер за образование и наука
Преку делата, средношколците треба да пренесат порака, да споделат свои ставови за образовни прашања кои им се важни, да укажат на проблеми во образованието, да објаснат зошто се тие проблем и да дадат идеја како би ги решиле, да кажат во какво образование сакаат да учат, да ја споделат својата замисла за тоа што претставува добро образование во чиј центар е ученикот.
За најдобрите 10 дела/трудови предвидени се награди кои ќе бидат доделени на јавен настан организиран од ФООМ на кој наградените ќе треба да ги претстават/презентираат своите творби пред претставниците на надлежните институции, наставниците, родителите, учениците.
НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните средношколци се пријавуваат со:
1. Пополнета е-пријава за средношколци во која ставате линк до каналот YouTube или до сервис за складирање на документи во облак (Cloud), како на пример WeTransfer, Google Drive, OneDrive и др. Пријавата е достапна на следниов линк.
2. Потврда за редовен ученик издадена од училиштето пратена на следната е-адреса: srednoskolci@fosm.mk
ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Не е дозволено пријавување на архиви на документи (.zip, .rar).
За пријавување на есеи се прифаќаат Word формати на документи или .pdf.
За пријавување на фотографии, цртежи, слики, и други визуелни решенија, препорачани формати се .jpg и .pdf.
За пријавување на видео производи, препорачани формати се: .mpeg, .avi, .wmv, .flv или .swf.
За аудија, препорачан формат е: .mp3.
ФООМ не гарантира дека ќе може да ги прими и разгледа делата кои не се доставени на овој начин.
Нема да бидат земени предвид за разгледување делата/решенијата кои поттикнуваат говор на омраза и/или содржат било какви елементи на дискриминација на граѓаните врз основа на пол, раса, верска, национална, социјална или политичка припадност.
Со пријавување на конкурсот, авторите се согласуваат да го пренесат на организаторот на конкурсот правото на јавно изложување и/или објавување на делата, а авторите на наградените дела се согласуваат на организаторот на конкурсот да ги пренесат сите авторски и други права на користење на делата.
За евентуални прашања во врска со конкурсот, може да се обратите на srednoskolci@fosm.mk најдоцна до 10 ноември 2018 година.
НАГРАДИ
Управниот одбор на Фондацијата ќе направи избор на 10 најкреативни дела. Авторите на првопласираните пет труда ќе бидат наградени со таблет, а петте второпласирани со Bluetooth звучници.
КРАЕН РОК за пријавување: 19 ноември 2018г.
—————————————————
19 ноември 2018