Програмата за грантови за истражувачи на граѓанското општество (CSSA) овозможува поддршка за докторандите и универзитетските наставни кадри за академски проекти кои ги збогатуваат општествено-ангажираните истражувања и критичката истражувачка работа во нивната матична земја или регион.
Истражувачите на граѓанското општество се избираат врз основа на нивните извонредни придонеси во истражувања како и врз основа на нивниот активен ангажман со локалните заедници, нивниот потенцијал за унапредување на вредностите на отвореното општество во нивниот регион, и за зајакнување на критичката истражувачка работа и академските мрежи во нивните полиња.
КРИТЕРИУМИ ЗА КВАЛИФИКУВАНОСТ
Грантовите се отворени за следниве академски групи:
- докторанди во квалификуваните полиња кои студираат на акредитирани универзитети во или надвор од нивната матична земја; или
- членови на наставен кадар со полно работно време (мора да имаат најмалку магистратура) кои предаваат на универзитетите во нивната матична земја.
Кандидатите мора да бидат државјани на следниве земји: Авганистан, Албанија, Ангола, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бурунди, Камбоџа, Демократска Република Конго, Република Конго, Египет, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Етиопија, Грузија, Хаити, Косово, Лаос, Либија, Молдавија, Монголија, Мјанмар/Бурма, Непал, Палестина, Руанда, Северна Македонија, Србија, Судан, Јужен Судан, Сирија, Свазиленд, Таџикистан, Тунис, Туркменистан, Узбекистан или Јемен.
Времетраење на проектот: меѓу 3 и 10 месеци
Квалификувани датуми : 1 март 2021 – 31 декември 2021 година
Максимално барање за финансирање: 15.000 долари
КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 22 ЈУЛИ 2020
За повеќе информации, а пред аплицирањето, ве молиме да ги разгледате насоките и документите со детални упатства достапни на: https://www.opensocietyfoundations.org/grants/civil-society-scholar-awards
—————————————————
26 мај 2020