Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Централноевропскиот универзитет (CEU) од Будимпешта, Унгарија, како дел од Летната програма организира летни курсеви на Правни студии во текот на јуни и јули 2018 година.
Програмата се состои од еднонеделни и двонеделни висококвалитетни курсеви на повеќе теми, кои се интердисциплинарни, иновативни и истражувачки, а наставата се одвива на англиски јазик.

Летната програма е отворена за аплицирање за сите дипломирани студенти, помлади универзитетски кадри, како и истражувачи и професионалци.
Партиципацијата за еднонеделните курсеви е 300 евра, а за двонеделните е 500 евра (доколку не е поинаку и посебно потенцирано). Финансиска помош е достапна за повеќето од курсевите.

За повеќе информации околу достапните курсеви, процедурата и роковите за апликација, можностите за финансиската поддршка и слично, посeтете ја веб-страницата https://summeruniversity.ceu.edu.

                                    
            

—————————————————

25 јуни 2018