Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Раното детство е најкритичната фаза од човечкиот развој. Тоа започнува пред раѓањето, кога се формираат телото и мозокот на детето , па преку раното детство кога се воспоставуваат клучните врски и се постигнуваат клучните развојни процеси, сè до предучилишната возраст и преминот во раните одделенија во училиште.

Зошто е важен раниот детски развој?

Повеќе истражувања го потврдуваат она што секој родител може да го забележи – дека ова е период на брз физички и ментален раст и промена. Децата учат да се движат, комуницираат и да имаат интеракција со светот и да развијат чувство на личен и културен идентитет. Раното детство ги нуди најголемите можности за позитивен човечки развој но е исто така и периодот кога децата најмногу се изложени на ризик. Негативните влијанија на детскиот развој за време на раното детство може да се непоправливи.

Младите деца кои растат во особено тешки околности – екстремна сиромаштија, неисхранетост, војни и болести – имаат потреба од посебно внимание. Дискриминацијата врз основа не етничка припадност, род, попреченост, статус на ХИВ или СИДА, класа или политички и религиозни верувања има негативно влијание врз раното детство. Дискриминацијата може да ги исклучи децата од целосно учество во општеството, да ги намали стапките на преживување и квалитетот на живот и да ги поткопа чувствата на добробит и самодоверба.

Кои се најдобрите начини за подобрување на раниот развој кај децата?

Позитивните интервенции во раното детство имаат најдобар ефект кога на едно место спојуваат различни сектори како исхрана, здравје, образование и поддршка за родители. Истражувањата одлучно го покажуваат влијанието на добро испланираните интервенции.

Децата кои живеат во најнеповолни околности може да направат најголеми постигнувања во нивниот интелектуален, општествен, емоционален и физички напредок ако имаат добра исхрана, интеракција и врски во рана фаза од нивните животи и имаат пристап до висококвалитетни сервиси за развој во раното детство.

Овие деца се здрави и подготвени за во училиште, да завршат повеќе години образование, да добијат подобри работни места и да живеат подолго од нивните родители. Инвестирањето во програмите за рано детство за најобесправените може да го прекине меѓугенерацискиот пренос на сиромаштија.

Препознавањето на важноста на раното детство се однесува и на почитувањето на правата на секое дете како што е заштитено од Конвенцијата за правата на детето на Обединетите Нации. Конвенцијата бара од семејствата, заедниците и државите да обезбедат соодветна поддршка за развојот на младите деца, притоа препознавајќи ја разноликоста на културните верувања и практики кои го обликуваат детството. Позитивно рано детство е право на некое дете и инвестиција во нивната – и наша – иднина.

Зошто ова прашање е составен дел на едно отворено општество?

Раните години се темелот врз кој се градат отворените општества. Тие нудат уникатна можност за обликување поздрави, попросперитетни, стабилни и партиципативни општества.

Квалитетните интервенции во раното детство имаат најголемо влијание кај децата изложени на најголем ризик и нудат неспоредлива можност за ублажување на ефектите на општествената обесправеност прекинување на циклусите на сиромаштија и нееднаквост.

Како Фондациите Отворено општество го поддржуваат раниот детски развој?

Преку „Програмата за ран детски развој“, ФОО дава поддршка за подобрување на квалитетот и достапноста на услуги во раното детство, вклучувајќи иницијативи и програми произлезени директно од заедниците, но и градинки. Целта е да се зајакнат но воедно и да се бара отчетност од владите, донаторите, професионалците, граѓанските организации, родителите и заедниците да ги исполнат нивните улоги да го гарантираат правото на секое дете да се развива и да го постигне неговиот или нејзиниот целосен потенцијал.

Поддржуваме повеќе групи и индивидуалци кои работат на проблематиката на ранд детски развој во Африка, Европа, Евроазија, Средниот Исток и Јужна Америка како што се:

Што прави Фондацијата Отворено општество – Македонија за да го поддршка на раниот детски развој?

Фондацијата се залага ги подобри квалитетот и достапноста на услуги врзани со ран детски развој, гарантирајќи го правото на секое дете да се развива и да го постигне неговиот или нејзиниот целосен потенцијал.

Како дел од нашата работа:

Извор: Фондации Отворено општество: https://www.opensocietyfoundations.org/explainers/why-investing-early-childhood-matters

 

—————————————————

28 мај 2019