Намалувањето на штети се однесува на поголем опсег на услуги и политики кои ги ублажуваат негативните последици од користењето дроги и го штитат јавното здравје. За разлика од повеќето пристапи кои инсистираат луѓето да престанат да користат дроги, пристапот на намалување на штети препознава дека многумина не можат или не сакаат да се воздржат од незаконско користење дроги и дека апстиненцијата не треба да биде предуслов за помош.
Кои се примери за намалување на штета?
- Програмите за стерилен прибор за инјектирање помагаат да се намалат инфекциите од ХИВ и хепатит Ц преку обезбедување стерилни игли и шприцеви за корисниците на дроги. Овие програми не го зголемуваат користењето на дроги и делуваат како мост до други услуги како што се тестирањето за ХИВ и третманите за зависност од дроги.
- Метадон и бупренорфин се медикаменти кои ја намалуваат желбата за хероин и други дроги, а притоа помагаат да се подобри стабилноста на корисникот, функционирањето во општеството како и придружувањето до лековите за ХИВ и друг евентуален третман.
- Поддршката од средината и мобилизацијата на заедницата ги охрабруваат и зајакнуваат сегашните и поранешните корисници на дроги да земат учество во креирањето на и застапувањето за програмите за намалување на штети, со што се зголемуваат ефективноста на програмите.
- Заштитата на правата и реформи на политиките може да се сметаат дека се од клучно значење за здравјето, исто како што се чистата игла или кондомот. Услугите како што е правната помош го зголемуваат пристапот до правда на корисниците на дроги и го намалуваат полициското насилство. Реформите кои се однесуваат на политиките за дроги го сведуваат на минимум непотребното затворање, спречуваат можни злоупотреби на правата на корисниците и го намалуваат мешањето на полицијата при користењето на прва помош од страна на корисниците
Дали давањето чист прибор за инјектирање „испаќа погрешна порака“ и поттикнува користење дроги?
Не. Последните истражувања – вклучувајќи ги бројните истражувања финансирани од Владата на САД и од Светската здравствена организација – убедливо покажуваат дека програмите за стерилен прибор за инјектирање го намалуваат ризикот од ХИВ без да го зголемат користењето на дроги.
Како Фондациите Отворено општество го поддржуваат намалувањето на штети?
Преку грантови и застапување, ние ги поддржуваме напорите за унапредување на програмите за намалување на штети во Источна Европа, Азија, Источна Африка и Америка, вклучувајќи ги и следниве:
- во Украина, правиме притисок за креирање поефективни регулативи кои ги регулираат третманите со метадон и се залагаме за пациентите кои се во притвор да имаат пристап до метадонска терапија која може да им го спаси животот
- во Виетнам, даваме поддршка за формирањето на мрежа на луѓе кои користат дроги со цел подобрување на услугите и политиките
- во Танзанија, даваме поддршка на центарот за ресурси и обуки за програмите за стерилен прибор за инјектирање
- во Киргистан, застапуваме и се залагаме за подобрување на услугите за бремени жени кои користат дроги, и даваме оддршка за дроп-ин центарот кој нуди место за одмор и помош за жени кои неодамна излегле од затвор
- во Австралија, ја поддржуваме мрежата Law Enforcement Against HIV Network која успеа да собере повеќе од 5000 потписи од полицајци во повеќе од 30 земји низ светот за петицијата покрената во знак на поддршка на програмите за намалување на штети во борба против ХИВ;
- низ светот, се залагаме за користење на и даваме поддршка за дистрибуирање на лекот naloxone кој се користи во случај на предозирање, вклучително и преку org – веб-страницата на коалицијата на меѓународни здравствени организации кои го промовираат користењето на naloxone од немедицински професионалци
Како Фондацијата Отворено општество – Македонија го поддржува намалувањето на штети?
ФООМ е еден од главните иницијатори за развивање на програмите за намалување на штети во Македонија. Долгогодишната поддршка и застапувањето на ФООМ овозможи програмите за намалување на штети да бидат вклучени во Националната стратегија за ХИВ/СИДА на Република Северна Македонија. Благодарение на овие програми, Македонија стана земја со најниска ХИВ преваленца во регионот на Југоисточна Европа.
Досегашните резултати врзани со програмите за намалување на штети се должат на успешната и долгогодишна соработка со нашите партнери ХОПС – Опции за здрав живот Скопје кои и денес со поддршка од Фондацијата активно се залагаат и активно работат на:
- Подигање на свесноста за правото на здравје и третмани поврзани со употребата на дрога, особено кај новите детектирани малолетници корисници на дрога и нивни семејства/старатели
- Зголемување на пристапот до правда за Ромите корисници на дрога преку обезбедување на бесплатна правна помош во случаи на дискриминација и прекршување на нивното правото на здравје
- Континуирана правна помош на сексуалните работници во постапки врзани со прекршување на нивните основни права
- Психосоцијална помош на сексуалните работници вклучени во судски постапки
- Правна и социјална помош на корисници на дроги;
- Обезбедување параправна помош на сексуалните работници во случаи на прекршување на нивните права и во случаи на насилство
Извор: Фондации Отворено општество https://www.opensocietyfoundations.org/explainers/what-harm-reduction
—————————————————
28 мај 2019