Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Кои лица се сексуални работници?

Сексуалните работници се возрасни лица кои добиваат пари или добра во замена за редовни или повремени сексуални услуги или еротски перформанси за кои тие се согласиле.

Зошто да се користи терминот „сексуален работник“ наместо „проститутка“?

Термините „сексуална работа“ и „сексуален работник“ препознаваат дека сексуалната работа е работа. Многумина кои продаваат сексуални услуги го преферираат терминот „сексуален работник“ и за нив „проститутка“ е навредлив и стигматизирачки термин кој придонесува за нивно исклучување од здравствени, правни и социјални услуги.

Дали сексуалните работници ја одбираат нивната работа?

Постојат многу причини зошто луѓето се одлучуваат да продаваат сексуални услуги. Некои одбираат да работат сексуална работа бидејќи е подобро платена и нуди пофлексибилни услови за работење отколку другите работи. Некои се одлучуваат за сексуална работа за да ја откријат и изразат нивната сексуалност. Други, пак, се одлучуваат за сексуална работа како резултат на околностите како сиромаштија и недостаток на други опции. Во едно отворено општество, без разлика на причините, сексуалните работници треба да ги имаат истите права на здравје и безбедност при работа како и другите работници.

Зошто сексуалната работа не треба да е кривично дело?

Криминализирањето на продажбата или купувањето сексуални услуги ги изложува сексуалните работници на поголем ризик од злоупотреби преку носење на сексуалната работа во подземјето. Со криминализацијата, за сексуалните работници станува потешко да добијат здравствени услуги, безбедно да преговараат со клиенти и да носат кондоми без да се плашат дека тие ќе бидат искористени како доказ за проституција. Според студијата објавена во неделникот „Лансет“, декриминализацијата е единствениот и најефикасен начин за намалување на бројот на нови инфекции со ХИВ помеѓу женските сексуални работнички во текот на следната деценија.

Во многу ситуации сексуалните работници пријавуваат екстремни нивоа на насилство и малтретирање од клиенти, интимни партнери, менаџери но и од полицијата. Со криминализацијата, за сексуалните работници е особено тешко да ги пријавуваат повредите на правата, посебно од страна на полицијата, бидејќи подоцна тие се подложни на апсење и одмазда. Ваквата ситуација ги продолжува стигмата, насилството и неказнивоста кои понатаму го загрозуваат нивното здравје и безбедност.

Што е погрешно со законите кои ги таргетираат само клиентите на сексуалните работници?

Многу противници на сексуалната работа ги признаваат штетите кои резултираат од криминализирањето на сексуалните работници и поддржуваат систем кој ги криминализира купувачите и третите страни како менаџери и сопственици на бордели, но не и самите сексуални работници. Ваквиот вид криминализација, за кој често се вели дека е „шведски“ или „нордиски“ модел, има за цел да ја намали побарувачката за сексуална работа при што сексуалните работници ги третира како жртви наместо како криминалци.

Не само што овој модел ја продолжува стигмата против сексуалните работници, која води до дискриминација при вработување, домување и здравствена заштита туку и страда од иститот фундаментален проблем како и целосната криминализација – значи дека сексуалнта работа мора да се извршува во подземјето со што сексуалните работници се оддалечуваат од безбедноста и услугите. Криминализацијата на клиенти или трети страни нема постигнато ефект во однос на постигнување на својата зададена цел, а таа е укинување на сексуалната работа.

Фондациите отворено општество поддржуваат целосна декриминализација на сексуалната работа.

Која е разликата помеѓу декриминализацијата и легализацијата на сексуалната работа?

Декриминализацијата и легализацијата на сексуалната работа се два различни пристапи кон регулирањето на сексуалната работа и бизнисите поврзани со сексуална работа. Декриминализацијата значи отстранување на кривичните и административните казни кои важат за сексуалната работа, со што се дозволува таа да биде регулирана со закон за работни односи и заштитена слично како другите работни места. Таа примарно се однесува на прописи кои ги унапредуваат здравјето и безбедноста на работниците.

Легализацијата е тесно, прецизно законско регулирање на сексуалната работа имајќи предвид повеќе аспекти како што се здравјето на клиентите, оданочувањето и јавниот морал. Како резултат на тоа, легализацијата може да вклучува регулативи со кои се ограничуваат правата и заштитата на сексуалните работници, како на пример задолжително тестирање за ХИВ. Исто така, легализацијата може подлабоко да ги стигматизира сексуалните работници и да создаде механизми за злоупотреба од страна на властите. На пример во Холандија, каде што сексуалната работа е легализирана, полицијата користи операции против трговија со луѓе како изговор за упад во домовите на сексуалните работници без налог и за масовно апсење на сексуални работници.

За Фондацијата, декриминализацијата е најдобриот начин да се заштити здравјето и човековите права на сексуалните работници.

Која е разликата помеѓу сексуална работа и трговија со луѓе?

Трговијата со луѓе е ужасно прекршување на човековите права кое вклучува закана или употреба на сила, киднапирање, измама или други форми на присилба со намера за експлоатација. Овде спаѓаат и принудната работа, сексуалната експлоатација, ропство и друго. Од друга страна, сексуалната работа е трансакција помеѓу возрасни за која тие се согласиле, во која што дејството на продавање или купување сексуални услуги не значи прекршување на човековите права.

Организациите на сексуални работници се против експлоатацијата, а Водичот на UNAIDS за ХИВ и сексуална работа препознава дека организациите на сексуални работници може да се во позиција да ги упатат жртвите на трговија со луѓе до соодветните сервиси.

Спојувањето на трговија со луѓе и сексуална работа може да биде опасно. Многу иницијативи против трговија со луѓе ги сметаат сите сексуални работници за жртви и ги преместуваат во т.н. безбедни куќи против нивна волја. Други активности, како на пример затворањето бордели, ги лишуваат сексуалните работници од нивната автономија, приход и безбедни услови за работа. Таквите напори поттикнуваат недоверба помеѓу властите и сексуалните работници, ја туркаат сексуалната работа во подземјето и го прават потежок пристапот до здравствени услуги.

Дали сексуалната работа по природа е штетна?

Сексуалните работници, како впрочем повеќето работници, имаат различни чувства за нивната професија. Некои сексуални работници чувствуваат огромно задоволство од нивната работа. Други ја сметаат како начин за основна заработувачка, додека пак трети не ја сакаат. Кога критичарите тврдат дека сексуалната работа е штетна сама по себе, тие не само што ја игнорираат ваквата разновидност на мислења туку и автономијата и согласноста на возрасните кои одбираат да продаваат сексуални услуги.

Како Фондациите Отворено општество ги поддржуваат сексуалните работници?

ФОО поддржуваат организации кои се составени и водени од сексуални работници кои се залагаат за подобрување здравјето и правата на сексуалните работници. Грантистите на ФОО работат на повеќе прашања како запирање на полициското насилство врз сексуалните работници, обезбедување на правна помош, но и на притисок за креирање закони со кои ќе унапреди здравјето на сексуалните работници и ќе се овозможи пристап со услуги од институциите. Како пример:

Како Фондацијата Отворено општество – Македонија ги поддржува сексуалните работници во Македонија?

Фондацијата поддржува повеќе организации кои работат на прашања кои се важни за сексуалните работници во земјава. Ги поддржуваме СТАР-СТАР, Здружението за поддршка на маргинализирани работници, организација која е водена од сексуални работници но и ХОПС каде што сексуалните работници се една од примарните целни групи со кои работи организацијата. Воедно поддржуваме и други застапувачи кои работат на унапредување на здравјето и правата на сексуалните работници како Коалицијата МАРГИНИ.

Сите овие организации работат за да стават крај на полициското насилство, да обезбедат пристап до правни услуги, да предизвикаат промени кои ќе резултираат во нови закони и политики кои нема да штетат на здравјето и ќе го зголемат пристапот до социјални услуги за сексуалните работници.

Извор: Фондации Отворено општество https://www.opensocietyfoundations.org/explainers/understanding-sex-work-open-society

 

 

—————————————————

28 мај 2019